УРБАНА ОПРЕМА КАЈ ГРОБОВИТЕ НА ЖРТВИТЕ ОД ВОЈНИТЕ ВО ЈУГОСЛАВИЈА

УРБАНА ОПРЕМА КАЈ ГРОБОВИТЕ НА ЖРТВИТЕ ОД ВОЈНИТЕ ВО ЈУГОСЛАВИЈА

Општина Кавадарци по иницијатива на градоначалникот Митко Јанчев деновиве спроведе активности за санација на урбаната опрема поставена на просторот каде се наоѓаат гробовите на жртвите од војните во поранешна Југославија.

Интервенцијата на овој простор е прва што е спроведена од изградбата на ова обележје.

Оперативата на фирмата „ЗД Горан“ од Кавадарци  изработи нови клупи кои ги заменија старите и дотрајани, изврши ревитализација на масите, а ќе следи и целосна замена на настрешницата.

Просторот околу оградата на гробните места  во спомен обележјето ќе биде и хортикултурно уреден.

Со овој зафат општината го средува просторот околу спомен обележјето кое се наоѓа на влезот во градските гробишта во Кавадарци, каде почиваат: Сашко Гешовски, Петре Тодоровски и Мишо Митрев.