Викендов-асфалтирање на три улици (1)

ВИКАНДОВ НОВ АСФАЛТ НА ТРИ УЛИЦИ

Со отворањето на градежната сезона изминатиот викенд Општина Кавадарци реализираше дел од програмата за комунална изградба.

Имено оперативата на фирмата „Изолација“ од Скопје  согласмо спроведената тендерска постапка, за реализација на Програмата за комунална изградба од 2016 година изврши асфалтирање на три улици од кои две во Кавадарци и една во Ваташа.

Во Ваташа се афалтираа 450 м2  од улицата Васил Хаџи-Јорданов. За оваа беа потрошенивкупно 450.000денари од општинскиот буџет.

 Механизацијата на „Изолација“ работеше и на поставување асфалтна подлога на улицата „16 Јуни“ спој со илуцата „14 Мај“ каде се постави асфалтна маса на површина одвкупно 800 м2,. За оваа намена се инвестираа780.000денари од сметката за комунална изградба.

Третата позиција на која викендов се асфалтираше беше улицата „Кирил и Мњетодиј“ каде се асфалтираше површина од 1220 м2, за што беа издвоени средства во висина од 1.200.000 денари.

Општината деновиве  согласно тендерскитепостапки спроведува интензивна комунална изградба на повеќе локации каде покрај асфалтирање се работи и на поплочување, како и рекоснрукцијана комунална инфраструктура.