Владимир Темков -изложба со која го прослави јубилејот

Речиси две години по изложбата со која го прослави јубилејот, 30 години творештво, автентичниот и уникатен Владимир Темков на својот 56-ти роденден ја почести кавадаречката јавност со своите најнови дела од циклусот „Житни полиња-Трски и топки“.

Во преполната градска Галерија при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ беаприсутни речиси сите оние кои го чинат приватниот и професионалниот живот на Темков, кој пак знаеше да најде време за секого за да му се заблагодари за убавиот збор и присуството.

Благодарноста кон сите присутни и помагатели Темков ја искажа уште еднаш и од говорницата, од која меѓу другото рече дека и понатаму ќе продолжи да твори затоа што само кога е пред штафелајот се чуствува сигурен, семоќен и непобедлив.

Вечерта за паметење не само за Темков, туку и за кавадаречката уметност ја збогатија и градскиот музички двоец, Пикси и Перо, глумците од кавадаречкиот театар кои изведоа мал дел од претставата „Сомнително лице“, Душко Стефанов кој во улогата на модератор зборуваше за ликот и делото на Темков, но и му посвети песна на авторот на изложбата, додека од стручен аспект кон најновиот серијал на Темков зборуваше ликовниот уметник и професор, Горан Боев.

Помеѓу бројните уметници, професори и критичари свој осврт кон изложбата „Житни полиња – Трски и топки“ даде и професорот Тодор Богев, кој потенцира дека во најновите уметнички слики на Темков кои тематски му припаѓаат на експресионизмот преовладува една многу светла и складна динамично изразена експресија со колорит на бои кој што е контрастен, разигран, но по потреба и складен, смирувачки и исполнителен.

Изложбата во Кавадарци ќе остане на увид на кавадаречката јавност во текот на целата седмица, по што истата ќе биде поставена во Скопје.

????????  ????????  Владимир Темков -изложба со која го прослави јубилејот (1)????????