Втора форумска сесија

Вчера во хотелот „Фени“ се одржа втората сесија од проектото на Општината „Форум во заедниците“ кој го организира во партнерство со Швајцарската агенција за развој, преку агенцијата „Алка“ од Скопје. На втората работна сесија учесниците поделени по работни маси имаа можност од раководителот на Секторот за финснии Цанка Јовановска да слушнат за начинот на кој се собираат приходите во Буџетот на општината, потоа за неговата поставеност како и за начинот на трошењето на парите од граѓаните.

Во вториот дел од форумот беа презентирани предложените проекти од работните маси на првата сесија. Притоа граѓаните присутни на сесијата беа запознати дека нивните 52 предлози меѓу двете сесии на состанок со градоначалникот Панов беа разгледани и дефинирани, при што најголем дел од предлозите се совпаднаа со програмските определби на градоначалникот Панов и беа усогласени со проекцијата на Буџетото на општината за 2015 година. Синоќа градоначалникот пред присутните даде и дополнителни образложенија за неговта одлука кои предлози од форумот да бидат прифатени, а кои одбиени и зошто неговата одлука е таква.

Потоа преку гласање на секоја работна маса според „евровизијскиот“ принцип на поделба на поените, се изврши бодирање на 14 предложени буџетски програми кои се потенцијални приоритети според мислењето на учесниците на форумот, а во преостанатите три форумски сесии ќе се расправа за истите по што ќе биде избран еден приоритетен, а кој ќе влезе во програмата на Буџетот за 2015 година како предлог на граѓаните од одржаниот форум.

Граѓаните кои учествуваа во првите две сесии од „Буџетскиот форум“ беа доста активни во давањето свои предлози околу креирањето на Буџетот за следната година.

Градоначалникот на Кавадарци, Алексаднар Панов, првите две сесии на „Форумот во заедниците“ ги оцени за мошне успешни при што е задоволен од одзивот на граѓаните.

Очекуваме активна работа и голема посетеност од граѓаните на наредната сесија и нивни предлози за тоа како да се зголемат буџетските приходи, посочува модераторот на Форумот во заедницата Елизабета Ѓорѓиевска.

Третата форумска сесија од проектото „Форум во заедницата“ е закажана за понеделник 1 декември со почеток во 18:00 часот исто така во малата сала на хотелот „Фени“ во Кавадарци.

Втора форумска сесија (1)  Втора форумска сесија (2)  Втора форумска сесија (3)