Месна самоуправа

Во општина Кавадарци има 41 облици на месна самоуправа од кои:

8 Урбани заедници и
33 Месни заедници

Граѓаните во општината ги основаат облиците на месната самоуправа заради остварување на уставното право на месна самоуправа, како облик на изразување на нивниот заеднички интерес и заради давање придонес за решавање на нивните секојдневни потреби во непосредната околина на подрачјето на кое тие се основани и вклучување во системот на одлучување во локалната самоуправа.

Облиците во месната самоуправа работат во рамките на правата утврдени со Статутот на општина Кавадарци и Правилата за работа на облиците на месната самоуправа на општина Кавадарци. Облиците на месната самоуправа меѓусебно соработуваат заради остварување на нивните заеднички интереси. Облиците на месната самоуправа разгледуваат, заземаат и утврдуваат ставови за прашања од непосредено и секојдневно значење за животот и работата на жителите.

Граѓаните преку облиците на месната самоуправа;

1. Избираат Совет и други тела на обликот на месната самоуправа.

2. Граѓаните преку облиците на месната самоуправа се грижат за: – решавање на прашања од комуналната инфраструктура за соодветната месна самоуправа, -одржување на објекти од јавен интерес (водоводи, улици, домови на култура, спортски објекти и др.) -заштита на животна средина, -уредување и одржување на гробишта во сеслките населени места -поведување иницијатива за уредување на просторот, -јавен превоз на патишта, -образование, здравство, социјална заштита, -културни, забавни и спортски и други манифестации, -развивање на добрососедски односи, -снабдување со стоки и услуги, како и заштита на потрошувачите и -други прашања од секојдневно значење за животот и работата на граѓаните.

 

Урбани и месни заедници – табеларен приказ