1 (2)

ЗИМАВА ЛОКАЛНАТА ПАТНА МРЕЖА ВО ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ФУНКЦИОНИРА БЕЗ СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ

Снежната покривка од 15 до 60 сантиметри која падна на територијата на општина Кавадарци не предизвика посериозни проблеми во сообраќајот. Општината, особено економскиот оператот, компанијата „Ја-Ми“, задолжена за зимското одржување на улиците и латиштата, многу одговорно и сериозно приистапија кон задачата. Со ангажманот на терен, тие ниту во еден момент не дозволија и најмал застој на сообраќајот, како по градските улици, така и по локалните патни правци.

Првата интерванција, службата за зимско одржување ја направи паралелно со првите посериозни врнежи од снег, при што улиците од прва и втора категорија во Кавадарци, како и локалните патишта до низинските села веднаш беа проодни и оспособени за сообраќај во зимски услови.

Компанијата „Ја-Ми“ со брзата и навремена интервенција на механизацијата за неполни дванаест часови ги проби и оспособи за сообраќај и локалните патни правци кон ридско планинските села. Досега по улиците и патиштата се фрлени 60 Т сол и 150м3 ризла.

Општина Кавадарци која е втора по територија во Републиката, има развиена локална патна мрежа во вкупна должина од 200 километри која е најдолга во Македонија. Најголемиот дел од тоа, или 160 километри припаѓаат на ридско планинскиот дел и водат кон селата од подкожувјето. Со таква ситуација на теренот концесионерот се справува со функционален воздн парк од спедијализирани камионии возила. Оваа компанија е единствена која за зимско одржување на патиштата има специјално возило фрлач на снег-„фреза“. Ова возило е особено функционално при високи снежни наноси и навеви на патот и е исклучително корисно за терените во реонот на Кожув Планина.

Токму соодветната механизација на  концесионерот овозможува општина Кавадарци да има оспособени улици и патишта за зимско одвивање на сообраќајот. Општината неколку години со неа развива концесионерски односи кои резултираат со навремено, брзо и ефикасно расчистување на снегот од улиците и локалните патишта, а компанијата „Ја-Ми“ ја прави една од најдобрите во Македонија.

Особено треба да се истакне фактот што најоддалечените села: Рожден  Мрежичко и Фариш, потоа патните правци кон селата од Бошавијата: Страгово, Крњево,Чемерсо, Бохула, Горна и Долна Бошава, Бојанчиште и Конопиштене се отсечени од Кавадрци, а во екстремни случаи не повеќе од 10 часа.

Иста е ситуацијата и со локалниот пат до „Михајлово“ кое иако се наоѓа на 1400 метри НМВ, патот кон сместувачките капацитети на одморалиштето и индивидуалните објекти е прооден во секој момент дури и при високи врнежи од снег, што до пред превземањето на концесијата од „Ја-Ми“ тоа не беше случај.