АСВАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦАТА „ЦАНО ПОП-РИСТОВ“

АСВАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦАТА „ЦАНО ПОП-РИСТОВ“

Оперативата на агажираната фирма изведувач денеска стартуваше со асвалтирањето на улицата „Цано Поп-Ристов“. Со поставувањето на порамнителниот слој на асвалтна маса, на една од најстарите и најзначајните сообраќајници во градот општината продолжува со реализацијата на најзначајниот комунален проект во 2019 година, за ревитализација на главните улици во градот. Реконструкцијата се однесува на целата должина на улицата од мостот кај „Јаворот“ до старата автобуска станица“

Носител на договорната обврска е градежната фирма „Бетон“ од Скопје.

Финсниските средства се обезбедени преку Одлука за долгорочно домашно задолжување на Општина Кавадарци, преку потпишување на Договор за под-заем со Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени со Проектот за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, а со цел финансирање на капитални инвестициони проекти,  МСИП.