АСФАЛТИРАН ПРОБИЕНИОТ ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „25 МАЈ“

АСФАЛТИРАН ПРОБИЕНИОТ ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „25 МАЈ“

Општина Кавадарци реализираше уште еден значаен проект од комуналната изградба.

Оперативата на фирмата „Коле Транс-Инжинеринг“ од Штип изврши асфалтирање на дел од улицата „25 Мај“ со вкупна површина од 600м2, со што се заокружија градежните активности на оваа улица.

Асфалтирањето на делницата беше последната фаза од проектот кој опфаќаше, пробивање на улицата во должина од 100 метри, како и изградба на два потпорни ѕида за стабилизирање на земјиштето. Со овој проект се отстрани и последната пречка за оформување на целата должина на оваа улица која е паралелна на улицата „Шишка“.

Улицата „25 Мај“ која се пробиваше на барање на жителите сега во целост е проодна од нејзиниот почето кај периферијата на Глишиќ, до спојот со улицата „Ѓуро Ѓаковиќ“ над „Расадникот“.