АСФАЛТИРНО ПРОШИРУВАЊЕТО  НА ЗАПАДЕН БУЛЕВАР

АСФАЛТИРНО ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЗАПАДЕН БУЛЕВАР

Општината Кавадарци  денеска реализираше уште дена фаза од реализацијата на капиталниот сообраќајно-комунален проект за проширување на делница од транзитната улица „Западен булевар“.

Ангажираната фирма изврши асфалтирање на целосно новата делница во должина од 1 километар во правец на Росоман. На терен работеа две машини асфалтерки и тоа паралелно со што работата која беше предвидено да трае два, целосно и квалитетно се заврши за еден ден. Така што предвидениот режим за забрана на одвивање на сообраќајот се сведе на само еден ден.

Со овој зафат, северниот влез во Кавадарци се осовремени и продолжи од „Новата бензинска“ кон Росоман. Новата коловозна лента и тротоарите се со  вкупна широчина од 16 метри, од кои коловозна лента со широчина од 12 метри, како и тротоари од двете страни на улицата секој со широчина од 2 метри.

Проектот опфача и комплетно нова сообраќајна и светлосна инфраструктура, со што Кавадраци доби нова современа сообраќајница на влезот од северната страна од и кон автопатот Е75 од коридорот 10 кон Грција и Србија.