Вести

All Blog Posts

 ЈП Паркинг Кавадарци со известување до граѓаните на Општина Кавадарци

 ЈП Паркинг Кавадарци со известување до граѓаните на Општина Кавадарци

                                ЈП Паркинг Кавадарци- Кавадарци

Се известуваат жителите на Општина Кавадарци дека од понеделник 25.03.2019 година се пушта во функција “пајак“ возилото на ЈП Паркинг- Кавадарци.

Ќе се интервенира на хаварисаните возила и ќе се врши транспорт до депото на Северен булевар.

Исто така ќе се интервенира и на непрописно паркираните возила и возила паркирани во зелени површини.

Се апелира до граѓаните прописно да ги паркираат своите возила на веќе обележаните паркинг места.

Оваа одлука важи се до започнувањето  со работа на Зонско паркирање во склоп на  ЈП Паркинг – Кавадарци.

За непрописно паркинатите возила ќе следуваат и казни од надлежните служби – стои во известувањето од кабинетот на градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Работно време

Подигање т.е отстранување на возила и наплатата на подигнати возила кои биле непрописно паркирани се врши Од  ДЕПО

Понеделник -Петок 07.00 до  22.00  часот

Сабота од 07-15 часот.

Ценовник

За да добиете информации во врска со ценовникот на услуги на јавните паркиралишта Паркинг Кавадарци-Кавадарци

Подигнување и пренос на возило до Депо Пајак по налог на овластено лицеУСЛУГА ЦЕНА
Подигнување и пренос на возило до Депо Пајак по налог на овластено лице 1500,00 ден
Подигнување на возило од зелена површина, по налог на комунален инспектор и пренос на возилото до Депо Пајак 1500,00 ден
Подигнување непрописно паркирано  возило по налог на овластено лице, кога сопственикот се појавува на лице место и самостојно го отстранува 1000,00 ден
Подигање на хаварисани волила по налог на овластено лице 500,00  ден
Лежалина на возило во депо за ден 200,00  ден

За повеќе информации обратете се на телефонскиот број ДЕПО 072 805- 820,

Службено лице 070 402-498

ПРОШИРУВАЊЕ НА ЗАПАДЕН БУЛЕВАР

ПРОШИРУВАЊЕ НА ЗАПАДЕН БУЛЕВАР

Општината Кавадарци  зепочна со реализација на капиталниот сообраќајно-комунален проект за проширување на делница од транзитната улица „Западен булевар“.

Станува збор за изградба на целосно нова делница со вкупна широчина од 16 метри кад се гради коловозна лента со широчина од 12 метри, како и тротоари од двете страни на улицата секој со широчина од 2 метри.

Со овој проект практично се продолжува проширувањето на оваа значајна сообраќајниц од постојното решение со истите димензии од „Новата бензинска“ сега во должина од 1 километар во правец на Росоман.

Проектот предвидува и комплетна сообраќајна и светлосна инфраструктура, со што Кавадраци ќе добие нова современа сообраќајница на влезот од северната страна од и кон автопатот кон Росоман и Скопје.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ХОРИЗОНТАЛНАТА ПАТНА СИГНАЛИЗАЦИЈА НА 12 ЗАБАВУВАЧИ НА СООБРАЌАЈОТ

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ХОРИЗОНТАЛНАТА ПАТНА СИГНАЛИЗАЦИЈА НА 12 ЗАБАВУВАЧИ НА СООБРАЌАЈОТ

Општина Кавадарци преку ангажираната оператива на специјализираната фирма „Бојта инг“ започна со одбележување на хоризонталната патна сигнализација на 12-те нови асфалтни легнати пречи.

Ова е завршна фаза од проектот за поставување на забавувачи на сообраќајот кои според сообраќајниот проект се изградиа на 8 локации на градските улици и тоа пред основните и средните училишта.

Се работи за асвалтни легнати пречки со должина од 6 и широчина од 4 метри, на кои се исцртуваат бели линии за означување пешачки премини-зербри. Претходно паралелно со нивното асвалтирање општината постави и вертикална патна сигнализација од сообраќајни знаци за предупредување.

Со овој проект општината очекува подобрување на безбедноста на пашаците, како и намалување на непрописното брзо возење низ значаен дел од градските улици.

ТУРБО КРУЖЕН ТЕК КАЈ ВВ „ТИКВЕШ“

ТУРБО КРУЖЕН ТЕК КАЈ ВВ „ТИКВЕШ“

Општината Кавадарци преку ангажираната фирма „Градба промет“ од Кавадарци започна со релизација на сообраќајно- комуналниот проект за изградба на кружен тек кај ВВ „Тиквеш“.

Проектот овде предвидува современо сообраќајно решение со кружен тек за експресно одвивање на сообраќајот – „турбо“ кружен тек.

Овој четврти кружен тек во градот се наоѓа на раскрсницата на улиците „Западен булевар“ со ул. 8 „Септември“. Новото сообраќајно решение ќе зафаќа површина од 3000м2, а ќе биде согласно стандардите со комплетна сообраќајна и комунална инфраструктура на јавно улично осветлување и хорти културно уредување.

За реализација на овој капитален проект Општината Кавадарци ќе инвестира 17,5 милиони денари, пари од буџетот за комунална изградба.