ВОЗАРЦИ ЌЕ ДОБИЕ ДЕТСКА ГРАДИНКА

ВОЗАРЦИ ЌЕ ДОБИЕ ДЕТСКА ГРАДИНКА

Изградбата на детска градинка во село Возарци влегува во завршна фаза. Деновиве се работи на фасадата, завршните молеро-фарбарски работи, поставување на керамиката и санитаријата, внатрешното осветлување со еколошки штедливи ЛЕД светилки, како и пристапот и влезовите во објектото. 

Проектот предвидува изградба на детска градинка со преадаптација на дел од просторт на поранешната амбуланта, кој по реконструкцијата ќе функционира двонаменски.

Градинка ќе има капацитет за прифаќање на 25 до 30 деца. На површина од осумдесеттина квадратни метри ќе располага со: занимална, просторија за персоналот, чајна кујна и санитарен јазол. Преостанатиот простор од објектот ќе ја има функцијата на амбуланта.

Овој проект општината го реализира на барање на жителите од Возарци. Со негова реализација се обезбедуваат подобри услови за граѓаните во делот на згрижување на децата од предшкослата возраст, како и во примарното здравство. Проектот во оваа урбана средина ќе го подигна уште повеќе и онака добриот стандард за живеење.