ДЕЛНИЦА ОД УЛИЦАТА „СОЛУНСКА ГЛАВА“ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА АСФАЛТИРАЊЕ

ДЕЛНИЦА ОД УЛИЦАТА „СОЛУНСКА ГЛАВА“ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА АСФАЛТИРАЊЕ

Општина Кавадарци е во фаза на реализација на уште еден проект за ревитализација на улица во градот.

Ангажираната оператива деновиве работи не гребење на стариот и дотраен асфалт на дел од улицата „Солунска глава“. Според проектот во оваа фаза улицата ќе се реконструира на потегото од спојот со ул. „Гоце Делчев“ до спојот со ул. „Народна Младина“.

Општината претходно изврши замена на старите рабници, а во последната фаза од реализацијата на овој проект ќе следи поставување на нова асфалтна подлога.