ЗАПОЧНА САНАЦИЈАТА НА ФАСАДАТА НА ДЕСЕТАТА ЗГРАДА

ЗАПОЧНА САНАЦИЈАТА НА ФАСАДАТА НА ДЕСЕТАТА ЗГРАДА

Општина Кавадарци продолжува со реализација на проектот за санирање на фасадите на колективните станбени згради во централното градско подрачје, кои се утврдени како објекти од значење за Општина Кавадарци.

Денеска започнаа градежните работи на втората од комплексот згради на ул.„Браќа Хаџи-Тефови“ од источната страна на зградата на општината. Ова е дестата зграда од предвидените 13 на која се врши санација на фасадата. Согласно проектот се врши интервенција за санирање на сачокот, замена на олуците, како и крпење и фарбање на фасадите.

Акцијата започна со зафат на дел од зградата на Домот на културата „Иван Мазов-Климе” минатото лето.

За оваа намена општината инвестира 5.361.793 денари, а парите се обезбедени од буџетот. Изведувач на работите е кавадаречката фирма „Метал Апостолов“.

При извршувањето на активностите, се спроведени неопходните мерки на претпазливост за заштита на граѓаните.