КЕЈОТ НА РЕКАТА ЛУДА МАРА НИЗ ВАТАША ГО ДОБИВА ПРОЕКТИРАНИОТ ЛИК

КЕЈОТ НА РЕКАТА ЛУДА МАРА НИЗ ВАТАША ГО ДОБИВА ПРОЕКТИРАНИОТ ЛИК

Градежната оператива на фирмата „Градба промет“ во село Ваташа работи на кејот шеталиште по коритото на реката „Луда Мара“. Според динамиката деновиве се извршуваат работи на бетонирањето на пешачките патеки над минорното корито, се поставуваат канделабри од јавното улично осветлување, како и се доуредуваат страните од големото корито на потегот пред фудбалското игралиште.

На проектот „Кеј шеталиште“ во Ваташа досега е бетонирано минорното корито, со потребните каскади и се оформени контурите. Според проектот новиот кеј на потегот од  паркингот кај зградите „Силекс“ до последниот мост на регионалниот пат е во должина од 770 должни метри.

За реализација на овој проект општината ќе инвестира 20 милони денари.