НОВ АСФАЛТ НА ПАРИНКГОТ НА УЛИЦАТА „ТИКВЕШКО ВОСТАНИЕ“

НОВ АСФАЛТ НА ПАРИНКГОТ НА УЛИЦАТА „ТИКВЕШКО ВОСТАНИЕ“

Кавадарци доби уште еден ревитализиран простор за паркирање. Денеска оперативата на фирмата „Коле Транс“ од Штип изврши асфалтирање со нов асфалт на паркингот на улицата „Тиквешко востание“ кај поранешната стоковна куќа.

На површина од 800 квадратни метри се постави нов асфалт на платото над подземната гаража. Реализацијата на овој проект е донација фирмата „Коле транс“.

Со овој зафат Општина Кавадарци обезбедува подобри услови за паркирање во строгиот центар, веднаш до зградата на општината.