ОДБЕЛЕЖАНИ 106 ГОДИНИ ОД ТИКВЕШКОТО ВОСТАНИЕ

ОДБЕЛЕЖАНИ 106 ГОДИНИ ОД ТИКВЕШКОТО ВОСТАНИЕ

Со букети свежо цвеќе и кратко потсетување на настанот од 1913 година, пред споменикот на жртвите во Паркот „Полана“ беше одбележана 106 годишнината од „Тиквеќкото востание“.

Букети свежо цвеќе положија делагациаа од Општината, Советот, Здружението на борците и политички субјекти.

За настанот зборуваше виш кустос историчарот Марија Михова од Музеј-Галерија Кавадарци, која пред присутните потсети на настаните од историското минато на Кавадрци.

Притоа нагласи: „Со палење сигнални огнови во тиквешките села, на денешен ден, 19 јуни во 1913 година почнало Тиквешкото востание против новиот српски окупатор кој ја заменил османлиската окупација на Македонија, по Првата балканска војна.

Тоа е прво организирано вооружено востание на македонскиот народ по Илинденското кое, поради разни причини, било долго премолчувано и од историчарите“.

Тиквешкото востание траело седум дена и толку траела слободата на Кавадарци и Неготино и повеќе села од тиквешкиот регион. Македонските востаници ги ослободиле градовите Кавадарци и Неготино, како и педесеттина села од тој крај.

Востанието било крваво задушено, загинале или биле убиени повеќе од 1.000 Македонци, а околу 2.700 биле затворени. Притоа биле изгорени околу 1.000 куќи и дуќани, пред се во Кавадарци и во Неготино.

По повод 100 години од востанието во 2013 година Општина Кавадарци подигна споменик, дело на академскиот уметник од Кавадарци: Кирил Мукаетов. Автор на постаментот е неговиот колега Димитар Самарџиев.