ОПШТИНАТА КАВАДАРЦИ СО НОВИ ТЕХНОЛОГИИ ГО ШТИТИ ГРАДСКИОТ АСФАЛТ

ОПШТИНАТА КАВАДАРЦИ СО НОВИ ТЕХНОЛОГИИ ГО ШТИТИ ГРАДСКИОТ АСФАЛТ

Општина Кавадарци ги следи европските принципи на работење во справувањето со последиците од високите температури. Денеска Јавното преторијатие „Комуналец“ и надлежните од општината за прв пат спроведоа акција за посипување со индустриска сол на прегреаниот асфалт две кавадаречки сообраќајници. Сол беше расфрлана на Обиколницата „Северен булевар“ како и на новиот дел од „Западен булевар“.

Иако ова е метод кој се користи во зима, против подмрзнување на асфалтот, се покажал и како ефикасен за разладување и намалување на температурата на врелиот асфалт. Технологијата се базира на принципот според кој солта ја одзема влагата од воздухот и ја привлекува кон асфалтираните површини, а со тоа се разладуваат патиштата и се спречува пукање на асфалтот и создавање нерамнини.

Градоначалникот Јанчев вели: „Очекувам дека европските искуства во овој домен успешно ќе се применат и кај нас.  Општината на овој начин ќе ги сочува градските улици од оштетување, и со тоа ќе заштеди средства за евентуални санирање. Истите би се пренамениле за други проекти од сообраќајоти инфраструктурата“.