ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ВО ПАРТНЕРСТВО СО ПРОГРАМАТА ЗА РАЗВОЈ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ (УНДП) ОБЈАВУВА:     ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН (ReLOaD)

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ВО ПАРТНЕРСТВО СО ПРОГРАМАТА ЗА РАЗВОЈ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ (УНДП) ОБЈАВУВА:   ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН (ReLOaD)

Проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) е финансиран од Европската унија и го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во шест земји/територии од Западен Балкан. Проектот ќе трае до јули 2020 година и има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија преку јакнење на граѓанското општество за негово активно учество во процесот на денесување одлуки.

Во проектот ReLOaD се вклучени 5 општини во земјава: Струмица, Ресен, Кавадарци, Гостивар и Куманово.

Општина Кавадарци и проектот ReLOaD ги повикуваат сите граѓански организации да поднесуваат предлог проекти кои се доследни на развојните цели на општина Кавадарци и со кои се опфатени следните приоритетни области:

  1. Родова еднаквост и човекови права
  2. Негување на културата и културното наследство
  3. Младински иницијативи и Вработување
  4. Социјална инклузија
  5. Заштита на животната средина

Износот на средства за одобрени проекти ќе се движи од 307.000,00 МКД до 1.845.000,00 МКД.

На граѓанските организации им е дозволено да поднесат повеќе од еден предлог проект, доколку вкупниот доделен износ не надминува 3.690.000,00 МКД за целото времетраење на проектот ReLOaD  (до јули 2020). 

Општина Кавадарци и УНДП го задржуваат правото да не ги доделат расположливите средства доколку предлог проектите не ги исполнуваат зададените критериуми. Проектите може да бидат со времетраење од 6 до 8 месеци. Избраните проекти мора да се спроведат во периодот од август 2019 до и заклучно со март 2020.

ПОДОБНОСТ:

Учеството на овој јавен повик е отворено за сите формално регистрирани граѓански организации (асоцијации / организации или фондации) согласно со Законот за здруженија и фондации. Сите заинтересирани граѓански организации може да најдат детални информации за условите за пријавување и за критериумите за финансирање на проекти во Насоките за подносителите, кои се составен дел од документацијата за јавниот повик (Анекс 10).

ДОКУМЕНТАЦИЈА:

Јавниот повик ќе трае од 11.04.2019 (од 9:00 часот) до 23.05.2019 (до 16:30 часот). Документацијата за пријавување на јавниот повик на општина Кавадарци може да се обезбеди преку испраќање барање на следната адреса: Плоштад Цар Самоил бр.20, 7310 Кавадарци и/или на е-меил: [email protected] на кое е наведено името на заинтересираната организација, или лично во општина Кавадарци, улица: Плоштад Маршал Тито бб, 1430 Кавадарци. Сите неопходни информации и електронската верзија од целиот пакет апликација може исто така да се преземат од официјалната општинска веб страница (www.kavadarci.gov.mk) како и на веб страницата на УНДП (www.mk.undp.org).

Информативната сесија (отворен ден) за повикот со заинтересираните подносители граѓански организации ќе се одржи во општина Кавадарци на ден 15.04.2019 година, со почеток во 10:00ч во општинските простории. Првите два дена од обуката ќе се одржат на 15.04. и 16.04.2019 во општинските простории.

Прашања во врска со јавниот повик може да се поставуваат преку адресата [email protected], со назнака за јавниот повик. Прашањата може да се поднесуваат до 15.05.2019, а одговорите ќе се обезбедат во писмена форма во рок од 3 работни дена од датумот на прием на прашањата. За да се обезбеди транспарентност, прашањата ќе се објавуваат на веб страницата на УНДП.

ПОДНЕСУВАЊЕ АПЛИКАЦИИ:

Пополнетите апликации (со целосна документација) мора да се поднесат во три  (3) печатени копии и една електронска верзија (на CD или USB), во запечатен плик со назнака за јавниот повик, по препорачана пошта или лично, во работни денови (понеделник-петок), од 09:00 до 15:00 часот на следната адреса:

Општина Кавадарци

Улица: Плоштад Маршал Тито бб

Поштенски број: 1430 Кавадарци.

Апликациите кои ќе бидат поднесени по овој краен рок ќе бидат разгледани само доколку на поштенската марка стои датум и време на испраќање пред официјалниот краен рок. На надворешната страна на пликот мора да стои името на повикот за поднесување предлог проекти, целосното име и адреса на подносителот, целосниот назив на проектот и назнаката „Да не се отвора пред официјалното отворање. Општинскиот службеник ќе издаде потврда за прием на поднесените документи. Сите подносители на предлог проекти, независно дали истите се прифатени или одбиени, ќе бидат известени во писмена форма за одлуката во врска со нивниот предлог проект во рок од 30 работни дена од затворањето на јавниот повик. Резултатите ќе бидат објавени на општинската веб страница (www.kavadarci.gov.mk) и/или на општинската огласна табла.

Aнекс 1 – Предлог проект
Анекс 2 – Предлог буџет
Анекс 3 – Логичка рамка
Анекс 4 – План на активности и видливост
Анекс 5 – Формулар со административни податоци
Анекс 6 – Формулар со финансиски податоци
Анекс 7 – Изјава за подобност
Анекс 8 – Изјава за двојно финансирање
Анекс 9 – Листа за проверка
Анекс 10 – Насоки за подносители
Анекс 11 – Најчести грешки од претходниот повик_2018