ОПШТИНСКИОТ КРИЗЕН ШТАБ ОДРЖА СЕДНИЦА

ОПШТИНСКИОТ КРИЗЕН ШТАБ ОДРЖА СЕДНИЦА

Градоначалникот на Кавадарци м-р Митко Јанчев денеска свика седница на Општинскиот кризен штаб на која беа координирани активностите што би се преземале по евентуалните несакани последици од најавеното очекувано невреме. Се распределија и обврските помеѓу надлежните институции. На седницата на која присуствуваа и претставници на Полициската станица од Општа надлежност Кавадарци, Регионалната противпожарната единица Кавадарци, ЈП „Комуналец“ и општината беа земени предвид сите потенцијални ризици, ресурсите кои можат да бидат мобилизирани, механизацијата која може да биде ставена во функција за расчистување и справување со евентуалните последици.

Од седницата произлегоа и низа заклучоци во правец на превентивно делување како и конкретни дејствија на надлежните кои би се реализирале по евентуалното невреме. Контактирани се и сите градежни фирми за ставање во функција на нивната механизација.

До граѓаните се апелира да не ги паркираат возилата на главните улици, за да се обезбеди простор за брза и ефикасна интервенција на надлежните. Да ги остранат возилата од под дрворедите како не би дошло до нивно оштетување. Се апелира и до жителите за време на непогодата да не се движат непотребно, да ги избегнуваат водените површини, како и да бидат подготвени за вклучување во евентуални акции.

Согласно добиените известувања од Управата за Хидрометеоролошки работи, ги информираме граѓаните на Општина Кавадарци дека од денес попладне следи дестабилизација на времето проследена со врнежи од дожд проследен со електрични празнења во форма на невреме како и засилен ветер од југоисточен правец. Оваа дестабилизација се очекува да биде поинтензивна денеска попладне и во утрешниот ден, додека во наредните денови врнежите би биле со поумерен интензитет.

Во нашата општина се очекува да наврнат од 30 до 50 литри на м2, и да дува ветер со брзина до 30 k/h. Со оглед на тоа се информираат и предупредуваат граѓаните во случај на невреме да бидат крајно внимателни да избегнуваат засолнување под стебла.

Во случај на поплави и излевање на шахти граѓаните да се обратат на дежурните телефони на општинската служба „Мој општинар“.

Надлежните продолжуваат со будно следење на состојбата.