ПЕТТИ ЕКО КВИЗ НА ЕД„ТИСОВЕЦ“

ПЕТТИ ЕКО КВИЗ НА ЕД„ТИСОВЕЦ“

На 08.05. 2019 година се одржа Општински Еко Квиз  во организација на Општина Кавадарци, ЕУРО НИКЕЛ и ЕД Тисовец, а реализиран со учениците од петто одделение од шесте основни  училишта од Општина Кавадарци, кој е единствен во државата.

Овој проект Еко квиз произлезе од должностите и обврските на сите членови на заедницата и не случајно е избрано партнерство помеѓу Општина Кавадарци, ЕД Тисовец и Еуроникел ( поранешен Фени) Индустри.

Целта на проектот е вложување на континуирани напори за учество на повеќе оштествени субјекти во градењето на концепт за соодветно еколошко и општествено одговорно однесување од најрана возраст и се очекува да има влијание врз формирање на елементарни еколошки навики кај учесниците во целокупниот процес. Проектот не се заснова на законски обврски ,но проектните активности имплицитно се во врска со проблематиката која се регулира со Законот за основно образование и Законот за заштита на животната средина.

Со оглед на целта на овој проект се едуцираа над  2300 ученици кои  учествуваа во квиз натпреварите за период од пет години (5), со висока мотивираност.

Успешно се промовираше принцип на партнерство – проектот се имплементираше врз принципот на синергија – заеднички планирани,  усогласени и спроведени активности и рокови. Се иницираше актуелна тема и проблематика, екологија и животна средина, за која учениците ќе стекнат поголемо знаење кое ќе им помогне да изградат свои навики и ставови,градење на проактивен пристап, навики и став за еколошки прашања.

Дел од најмладата популација од општеството (сите деца од 5-тто одделение) на организиран и структуриран начин имаа можност да научат многу за прашањата од областа на екологијата и заштитата на животната средина врз основа на материјал, стручно подготвен врз основа на валидни извори (учебници, енциклопедии, официјални податоци). Ова знаење ќе им биде основа во градењето на еколошки навики и проактивен став кон предметната проблематика.

Со проектов се  постигнуват целите и се реализираат заложбите на  граѓаните за почиста и побезбедна животна средина.

Проектот ќе продолжи да се реализира и во наредните години со тенденции да стане регионален и државен квиз натпревар во основните училишта

Од шест екипи од по тројца ученици кои ги претставуваа 6-те основни училишта кои се докажаа во селекција од 376 учесника ,  прво место освои  екипата на ООУ Тошо Велков Пепето, второ место ООУ Димката А. Габерот Кавадарци.   Учесниците добија пофалници, дипломи и прикладни награди а првонаградените таблети.