ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА СТАРИ ЗАНАЕТИ И ЗАНАЕТЧИСКИ ДЕЈНОСТИ ВО ИЗУМИРАЊЕ

ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА СТАРИ ЗАНАЕТИ И ЗАНАЕТЧИСКИ ДЕЈНОСТИ ВО ИЗУМИРАЊЕ

Општина Кавадарци има намера да ги субвенционира старите занаети и занаетчиски дејности во изумирање на територијата на Општина Кавадарци.

За таа намена, се охрабруваат сите занаетчии кои се регистрирани согласно Законот за занаетчиство и кои обавуваат занаетчиски дејности во изумирање (јорганџија, опинчар, јажар, крзнар, грнчар, шапкар, ковач, лимар, казанџија, копчар, свеќар, венци, саатчија, ракотворби-корпар, ракотворби-изработка на сувенири, домашна ракотворба, изработка на филигран, накит и слични производи, производство на музички инструменти и самарџија) да поднесат пријава за изразување на интерес за добивање на финансиска поддршка на следната електронска пошта: [email protected]