ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ТРОТОАР НА „ЗАПАДЕН БУЛЕВАР“ КАЈ САЛАТА „ЈАСМИН“

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ТРОТОАР НА „ЗАПАДЕН БУЛЕВАР“ КАЈ САЛАТА „ЈАСМИН“

Оперативата на фирмата „КОП Инжинеринг“ работи на поплочување на тротоар на „Западен булевар“ кај спортската сала „Јасмин“. Ова е преостаната делница за поплочување на тротоарите на оваа регионална улица на локацијата кај новиот кружен тек  ВВ „Тиквеш“.

Според проектот треба да се поплочат последните 600 метри квадратни со павер елементи. Оваа изградба е во рамките на Програмата за комунална изградба 2019 година.

Со завршувањето на работите општината на граѓаните ќе им отстапи на користење  современ и урбанизитран простор на потегот од кружниот тек ВВ „Тиквеш“ до  раскрсницата кај „Градската капела“.