ПОСТАВЕНИ НОВИ РАБНИЦИ НА УЛИЦАТА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“-СПОРЕДНА

ПОСТАВЕНИ НОВИ РАБНИЦИ НА УЛИЦАТА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“-СПОРЕДНА

Општина Кавадарци преку оперативата на ангажираната фирма поставува нови рабници на крак од улицата „Гоце Делчев“. Рабниците се поставуваат на местото на старите, оштетени и дотраени.

Во наредната фаза ќе следи асфалтирање на оваа улица на потегот до спојот со улицата „Народна младина“. На оваа делница ќе се посатви нов завршен слој со фин асфалт на површина од 350 метри квадратни.

 И овој проект општината го реализира на барање на жителите од овој дел на Кавадарци. Изведувач на работите е фирмата „Изолација“ од Скопје.