ПОСТАВУВАЊЕ РАБНИЦИ НА УЛИЦАТА „ЈОВАНЧЕ ВЕЛКОВ“

ПОСТАВУВАЊЕ РАБНИЦИ НА УЛИЦАТА „ЈОВАНЧЕ ВЕЛКОВ“

Општината Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ работи на поставување на рабници на улицата „Јованче Велков“ која се наоѓа од јужната страна од поројницата „Кавадаречки дол“.

Согласно проектот треба да бидат поставени 940 метри бетонски рабници кои ќе оформат улица во должина од 470 метри. Во оваа фаза од изградбата на улицата беше поставен и тампон, како подготовка за асфалтирање.

Реализацијата на овој проект од општината е на барање на жителите од тој дел на Кавадарци каде има интензивна урбанизација и изградба на индивидуални станбени објекти.