ПОТПОРЕН ЅИД НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТ „ВЛАДИМИР НАЗОР“

ПОТПОРЕН ЅИД НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТ „ВЛАДИМИР НАЗОР“

На барање на жителите од улицата „Владимир  Назор“ Општина Кавадарци реализира проект за изградба на потпорен ѕид, формирање на пристапен дел од улицата, како и изградба на решетка за зафаќање на на атмосферските води.

Со реализацијата на овој комунален проект жителите на овој дел од населбата „Голи оток“ ќе добиат стабилизирано земјиште, нов урбанизиран пристап, и пред се заштита од евентуални поплави, кои во минатото им нанесувале сериозни оштетувања и проблеми.