ПРЕДАДЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА ГРАДИНКА ВО СЕЛО МАРЕНА

ПРЕДАДЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА ГРАДИНКА ВО СЕЛО МАРЕНА

Во селото Марена денеска беше предадена во употреба новата детска градинка која се наоѓа во кругот на реновиреното подрачно основно училиште.

Објект во работа го предадоа: градоначалникот Митко Јанчев министерката за Труд и социјална политика Мила Царовска и Цанка Дибринова директорка на ОДУ градинка „Рада Поцева“,

Градинката ја изгради Локалната самоуправа Кавадарци а целосно ја опреми Министерството за труд и социјална политика во рамките на проектот и руралните средини да добијат детски градинки на Министерството за труд и социјална политика.

Објектот детска градинка „Петар Пан“ е со капацитет за грижување на 25 до 30 деца од селото. Градоначаникот Митко Јанчев, при обраќањето денеска, најави дека во тек се градежните работи на доградба  на нови занимални со проширување на постојните објекти, со што ќе се зголеми можноста од опфат на нови деца. Инаку во градот има потреба од изградба на нова градинка, која Кавадарци ќе ја добие во наредниот период.

На свеченоста во селото Марена свој настап имаа и деца кои престојуваат во градинката „Рада Поцева“.