Продолжение од 4ти Записник од одржан состанок на ден 27.03.2020

Продолжение од 4ти Записник од одржан состанок на ден 27.03.2020

Почитувани,

Во продолжение Записник од одржан состанок.

Записник од одржан состанок на ден 27.03.2020 со Градоначалник и директори од јавни претпријатија и образовни институции во врска со ново настаната ситуација со Ковид-19 и со затворањето на јавните институции согласно препораките на Влада, донесени се следните заклучоци со ангажирањето на лицата преку агенциите за привремени вработувања:

1. Сите вработени преку агенции за привремени вработувања во јавните институции ќе имаат ист статус како редовно вработените во институциите и јавните претпријатија за месец март, а од месец април ќе се следат препораките од Влада на Р.С.Македонија. Тоа е пракса во претходните 5 години, што значи тоа се однесува на претходно ангажираните лица кои доаѓаат на подолг рок на работа а ново вработени нема и нема да има.
2. Сите времени и редовно вработени во јавните институции и јавни претпријатија кои се под надлежност на Општина Кавадарци се задолжуваат да бидат достапни на непосредните раководители и истите ќе бидат ангажирани за потребите за имплементација на мерките за борба против Ковид-19 согласно препораки на кризниот штаб за:
– Набавка на намирници за стари и изнемоштени лица и лица од ранливи категории
– Учество на активности за дезинфекција и санитација
3. Новото претпријатие ЈП Паркинг Кавадарци, сите лица вработени во претпријатието тековно ќе ги извршуваат нивните обврски но со оглед на намалениот обем на работа, да се јават и одговорат на обврските од кризниот штаб.
4. Се задолжуваат јавните институции и образовните институции да ги испратат списоците на времено вработените лица и помалку ангажираните лица на следните e-mail адреси: [email protected], [email protected] и [email protected], до крајот на овој работен ден.
5. Сите исплати кон спортските клубови, невладините организации и ГФК Тиквеш се ставаат во мирување поради нивно мирување и согласно мерките од Влада на Р.С. Македонија.