Реконструкција на улицата “Илинденска”

Реконструкција на улицата “Илинденска”

Се отпочна со реализација на реконструкција на улицата “Илинденска” која е во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта”.

На општина Кавадарци и се доделени средства од владата на РСМ преку заемот на Светска банка, кој ќе се рализира од страна на Министерството за транспорт и врски, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура. Во овој проект се и улиците “Пионерска” и ”Браќа Џунови” во прв тендер.

Согласно одлуката од Влада на Република Северна Македонија за алоцирање на средства од договорот за заем за “Проектот за поврзување на локалните патишта” на општина Кавадарци и се доделени средства во износ од 1.112.010.21 €.