СЕ САНИРА ПЛОЧНИКОТ НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ИЛИНДЕНСКА“

СЕ САНИРА ПЛОЧНИКОТ НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ИЛИНДЕНСКА“

Општина Кавадарци започна со реализација на комунален проект за реконструкција на оштетен плочник на крак од улицата „Илинденска“. Станува збор за пристап со плато за паркинг во делот на БИТ зоната, зад зградта кај поранешен „Беко“.

На оваа локација општината преку ангажираната оператива на фирмата „Пирамид билдинг“ од Скопје, треба да изгради бетонски плато на вкупна површина од 200 квадратни метри. Денеска се отстрануваа старите плочки, како подготовка за бетонирање на целокупната површина.

Со овј зафат ќе се санираат оштетувањата на плочникот во овој дел на централната градска улица.