УРБАНИЗИРАЊЕ НА ДЕЛНИЦА ОД „ЖЕЛКОВ ДОЛ“

УРБАНИЗИРАЊЕ НА ДЕЛНИЦА ОД „ЖЕЛКОВ ДОЛ“

Ангажираната фирма „Лабино трејд-Констракшн“ од Гостивар го реализираше комунално еколошкиот проект за формирање на пешачка патека на дел од поројницата „Желков дол“.

Согласно проектот се направи спојување на улиците  „Страшо Пинџур“ и „4 Мај“ врз коритото на поројницата. На овој дел се оформи пешачка патека со покривање и поставување на пешачка патека од бехатон коцки.

Освен комуналната, покривањето на оваа делница од „Желков дол“ има и еколошка функција, со што ќе се спречи фрлањето на отпад во коритото на долот.

Долж новоформираната пешачка патека општината ќе постави и 7 канделабри од јавното улично осветлување, за непречено движење на пешаците во ноќните часови, воедно ќе им овозможи на граѓаните значително скратување на патот, како и побезбедно движење помеѓу  улиците „4 Мај“ и „Страшо Пинџур“.