
Нека е честит 7-ми Септември, 78 години од ослободувањето наКавадарци.
Слободата што ни ја обезбедија борците ни остана да ја надоградуваме со просперитет за градот, да обезбедиме иднина за најмладите, но и да го сочуваме достоинството како македонци. Денес кавадарчани тоа и го прават.
Во оваа прилика би сакал и да ве поканам на Тиквешки Гроздобер 2022, по две години пауза организираме манифестација која долго ќе се памети, збогатена со многу културни, забавни и музички содржини, затоа од петок 9 до недела 11ти Септември, Кавадарци ќе слави и ќе испишеме уште една приказна под отворено небо.