4 Нови Бисти во паркот на револуцијата

4 Нови Бисти во паркот на револуцијата

Општината Кавадарци во Паркот на револуцијата – алеа на борците, постави нови бисти на првоборци од НОБ.

Станува збор за 4 целосно нови бронзени бисти од кои две на народните херои: Киро Крстев и Блажо Тодоровски-Чичето, и две на првоборците Лазо Мицев-Рале и Данчо Поп-Атанасов.

Бистите се дело на академскиот вајар Кирил Мукаетов од Кавадарци.

Со овој проект општината заокружи една фаза од оформувањето на Паркот на револуцијата, особено во делот на алеата на борците од НОБ каде се поставени бистите на поголем дел од најзначајните првоборци од Кавадарци и Тиквешијата. Бистите кои претходно беа поставени на повеќе локации во градот честопати беа мета на крадци и „вандали“ кои ги крадеа и унштуваа.