Најнови Постови

ЗАПОЧНАА РАБОТИТЕ НА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА  УЛИЦАТА „ИЛО КОСТОВ“

ЗАПОЧНАА РАБОТИТЕ НА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА „ИЛО КОСТОВ“

Интензивната кампања за комунална изградба на Општина Кавадарци продолжува. Денеска започнаа работите на отстранување на стариот руиниран асвалт и тротоар на улицата „Ило Костов“ веднаш до училиштето „Димката Ангелов-Габерот“ во Кавадарци.

Изведувач на работите е фирмата „ВЕ група“ од Радовиш, која согласно проектот треба да реализира реконструкција на оваа улица на површина од 1300м2, како и изградба на тротоар со површина од 400м2. На улицата ќе се постави нов асвалт,а тротоарот ќе се поплочи со павер елементи.

Реконструкцијата на оваа улица е на барање на жителите, с до нејзината релизација придобивки ќе имаат и учениците од „Габерот“ кои многи побезбедно ќе комуницираат кон школото.

ЗАВРШИ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СПОРЕДНА  УЛИЦА НА „БРАЌА ХАЏИ-ТЕФОВИ“

ЗАВРШИ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СПОРЕДНА УЛИЦА НА „БРАЌА ХАЏИ-ТЕФОВИ“

Оперативата на фирмата „Павер трејд“ ги заврши градежните работи за реконструкција на споредна улица на ул „Браќа Хаџи-Тефови“. На површина од 230 квадратни метри се поставени бехатон плочки.

Согласно проектот на оваа улица прво беа извадени гранитните коцки, асе изврши порамнување со тампон на вкупна должина од 64 метри.

Реконструкцијата на улицата се изврши на барање на жителите во строгиот центар на градот кои сега добиа обновена улица.

ФОРМУЛАР ЗА ДОСТАВУВАЊЕ КОМЕНТАРИ И СУГЕСТИИ „РАЗВОЈ НА  НОГАСТРОНОМСКИОТ ТУРИЗАМ –  ВКУСИ ЈА МАКЕДОНИЈА”

ФОРМУЛАР ЗА ДОСТАВУВАЊЕ КОМЕНТАРИ И СУГЕСТИИ „РАЗВОЈ НА  НОГАСТРОНОМСКИОТ ТУРИЗАМ –  ВКУСИ ЈА МАКЕДОНИЈА”

Друштвото за храна, кетеринг и туризам ТИКВЕШ – ВИНСКИ ТУРИЗАМ ДООЕЛ КАВАДАРЦИ во рамките на „ПРОЕКТОТ ЗА ЛОКАЛНА И РЕГИОНАЛНА КОНКУРЕНТНОСТ” поддржан од страна на ЕУ, администриран од Светската Банка и спроведуван од Кабинетот за Заменик Претседателот на Владата задолжен за Економски Прашања, проектна компонента „Инвестиции во туристичка инфраструктура и поврзувања во дестинациите”, изготви и поднесе предлог-проект „РАЗВОЈ НА ЕНОГАСТРОНОМСКИОТ ТУРИЗАМ –  ВКУСИ ЈА МАКЕДОНИЈА” за добивање грант за финансирање на проектот. ГЛАВНАТА ЦЕЛ на проектот е зајакнување на развојот на еногастрономскиот туризам во општините Демир Капија, Кавадарци и Неготино преку реконструкција на постојната винска продавница со анекс, реконструкција со унапредување на постојните капацитети за сместување и дегустација на вино во Лепово, инсталирање и адаптација на старите буриња за вино за сместување во Барово и дополнителни велосипедски тури за доживувањето на клиентите, како и активности за комуникација/маркетинг за проектот.

Како дел од предлог-проектот, ТИКВЕШ ВИНСКИ ТУРИЗАМ подготви Список за проверка на ПЛАНОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И ПШТЕСТВЕНО УПРАВУВАЊЕ ЗА ПРОЕКТОТ „РАЗВОЈ НА ЕНОГАСТРОНОМСКИОТ ТУРИЗАМ –  ВКУСИ ЈА МАКЕДОНИЈА” со цел навремено да се идентификуваат и оценат потенцијалните влијанија врз животната средина од проектните активности за реконструкција, инсталација и адаптација во рамките на споменатите потпроектни активности. Планот содржи и мерки за спречување, минимизирање   ублажување на можните негативни влијанија од реализацијата на предвидените проектни активности.

НОВ АСВАЛТ НА УЛИЦАТА „ПАНО МУДАРОВ“

НОВ АСВАЛТ НА УЛИЦАТА „ПАНО МУДАРОВ“

Општина Кавадарци продолжува со реализација на проектот за реконструкција на главните улици во градот.

Денеска се поставуваше порамнителниот слој на асвалт на улицата „Пано Мударов“. Според утврдената динамика, утре треба да се постави финиот слој асвалт со што оваа значајна сообраќајница од регионален карактер ќе добие сосема нова асвалтна површина.

Ова е втора улица  која се реконструира во рамките на проектот МСИП. Претходно општината ја реконструираше улицата „Цано Поп-Ристов“, како и раскрсницата на улицата „Илинденска“ кај старат автобуска

Носител на договорната обврска е градежната фирма „Бетон“ од Скопје.

Финсниските средства се обезбедени преку Одлука за долгорочно домашно задолжување на Општина Кавадарци, преку потпишување на Договор за под-заем со Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени со Проектот за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, а со цел финансирање на капитални инвестициони проекти,  МСИП.

НОВИ ЖАРДИЊЕРИ НА ДЕЛНИЦА ОД УЛИЦАТА „ЗАПАДЕН БУЛЕВАР“

НОВИ ЖАРДИЊЕРИ НА ДЕЛНИЦА ОД УЛИЦАТА „ЗАПАДЕН БУЛЕВАР“

Оперативата на фирмата „АС Машини“ е при крај на реализација на проектот за изградба на нови жардињери на делница од улицата „Западен булевар“.

Општината Кавадарци преку ангажираната оператива реализира партерно и хортикултурно уредување на оваа регионална улица по која се одвива сообраќајот на реалција Неготино-Прилеп.

Откако ќе се изгради новата жардињера на потегот од „новиот кружен тек“ до „старата бензинска“ општината во неа ќе реализира хортикултурно уредување на просторот.