Најнови Постови

ПРОШИРУВАЊЕ НА ЗАПАДЕН БУЛЕВАР

ПРОШИРУВАЊЕ НА ЗАПАДЕН БУЛЕВАР

Општината Кавадарци  зепочна со реализација на капиталниот сообраќајно-комунален проект за проширување на делница од транзитната улица „Западен булевар“.

Станува збор за изградба на целосно нова делница со вкупна широчина од 16 метри кад се гради коловозна лента со широчина од 12 метри, како и тротоари од двете страни на улицата секој со широчина од 2 метри.

Со овој проект практично се продолжува проширувањето на оваа значајна сообраќајниц од постојното решение со истите димензии од „Новата бензинска“ сега во должина од 1 километар во правец на Росоман.

Проектот предвидува и комплетна сообраќајна и светлосна инфраструктура, со што Кавадраци ќе добие нова современа сообраќајница на влезот од северната страна од и кон автопатот кон Росоман и Скопје.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ХОРИЗОНТАЛНАТА ПАТНА СИГНАЛИЗАЦИЈА НА 12 ЗАБАВУВАЧИ НА СООБРАЌАЈОТ

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ХОРИЗОНТАЛНАТА ПАТНА СИГНАЛИЗАЦИЈА НА 12 ЗАБАВУВАЧИ НА СООБРАЌАЈОТ

Општина Кавадарци преку ангажираната оператива на специјализираната фирма „Бојта инг“ започна со одбележување на хоризонталната патна сигнализација на 12-те нови асфалтни легнати пречи.

Ова е завршна фаза од проектот за поставување на забавувачи на сообраќајот кои според сообраќајниот проект се изградиа на 8 локации на градските улици и тоа пред основните и средните училишта.

Се работи за асвалтни легнати пречки со должина од 6 и широчина од 4 метри, на кои се исцртуваат бели линии за означување пешачки премини-зербри. Претходно паралелно со нивното асвалтирање општината постави и вертикална патна сигнализација од сообраќајни знаци за предупредување.

Со овој проект општината очекува подобрување на безбедноста на пашаците, како и намалување на непрописното брзо возење низ значаен дел од градските улици.

ТУРБО КРУЖЕН ТЕК КАЈ ВВ „ТИКВЕШ“

ТУРБО КРУЖЕН ТЕК КАЈ ВВ „ТИКВЕШ“

Општината Кавадарци преку ангажираната фирма „Градба промет“ од Кавадарци започна со релизација на сообраќајно- комуналниот проект за изградба на кружен тек кај ВВ „Тиквеш“.

Проектот овде предвидува современо сообраќајно решение со кружен тек за експресно одвивање на сообраќајот – „турбо“ кружен тек.

Овој четврти кружен тек во градот се наоѓа на раскрсницата на улиците „Западен булевар“ со ул. 8 „Септември“. Новото сообраќајно решение ќе зафаќа површина од 3000м2, а ќе биде согласно стандардите со комплетна сообраќајна и комунална инфраструктура на јавно улично осветлување и хорти културно уредување.

За реализација на овој капитален проект Општината Кавадарци ќе инвестира 17,5 милиони денари, пари од буџетот за комунална изградба.

 

НОВА ВОИДОВОДНА И КАНАЛИЗАЦИОНА ЛИНИЈА  НА УЛИЦАТА „СКОПСКА“

НОВА ВОИДОВОДНА И КАНАЛИЗАЦИОНА ЛИНИЈА НА УЛИЦАТА „СКОПСКА“

Проектот за реконструкција на улицата „Скопска“ во должина од 170 метри е во одмината фаза на реализација.

Деновиве се изврши целосна реконструкција на подземната инфраструктура. Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ изврши реконструкција на старата и дотраена подземна инфрастуктура. Се поставиа нова водоводна како и линии за фекална и атмосферска канализација.

По извршената реконструкција на подземната инфраструктура ќе уследи асфалтирање на улицата.