Автор: Општина Кавадарци

СЕ НАДЗИРААТ КОНТУРИТЕ НА НОВИОТ КРУЖЕН ТЕК

Оперативата на фирмата „Градба промет “од Кавадарци интензивно работи на изградбата на новиот кружен тек кај спојот на улицата „Блажо Алексов“ со Булевар „Видое Смилевски“.

Градежната механизација на изведувачот изврши тампонирање на дел од подлогата на една коловозна лента. Во оваа фаза од изградбата се профилира и втората коловозна лента, а полека се надзираат и контурите на идниот кружен тек.

На сегашната раскрсница кај мостот „Белка“ ќе се формира кружен тек со рабници. Согласно проектот на овој потег беше извршено вадење на стариот асвалт, се изврши спроведување подземна инсталација на сите надземни кабли, а  откако ќе завршат подготвителните работи ќе следува поставување  два слоја на нов асвалт.

Со ова ново сообраќајно решение ќе се подобри безбедноста во одвивањето на сообраќајот на возилата и пешаците во овој дел од градот кој претставува источен влез на градот од правецот на Неготино.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЖАРДИНЕРАТА ОКОЛУ ЈАВОРОТ НА ПЛОШТАДОТ

Вработените и механизацијатана фирмата „Павер трејд“ од Кавадарци работата на целосна реконструкција на жардинерата околу јаворот пред седумкатницата во центарот на Кавадарци.

Општина Кавадарци со овој проект создаде попријатни условиза одмор на граѓаните кои традиционално секојдневно минуваат дел од времето во чаршијата.

Според проектот старат жардинера е целосно отстранета, а на нејзино место ќе биде изградена нова со дрвени клупи за седење.

Претходно работниците откопаа и искастриа дел од кореновиот систем на јаворовото стебло кој ги деформираше плочките од плоштадот.

По изградбата на новата жардинера просторот во неа ќе биде хортикултурно уреден, подлогата  со плочките на плоштадот санирана и израмнета и побезбедна за движење на пешаците.

ЈАВЕН ПОВИК за аплицирање на кандидати за волонтирање во Општина Кавадарци

ЈАВЕН ПОВИК за аплицирање на кандидати за волонтирање во Општина Кавадарци

Општина Кавадарци, врз основа на Програмата за волонтирање за 2018 година, има потреба од ангажирање волонтери поради што објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК

За аплицирање на кандидати за волонтирање во Општина Кавадарци

 

Се повикуваат сите заинтересирани странки и млади лица над 15 години да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира волонтерска работа за потребата на Општина Кавадарци за активности според проектот „За почисто и убаво Кавадарци“.

Јавниот повик се објавува поради потреба на Општина Кавадарци за ангажирање на 40 лица – волонтери, кои доброволно ке извршуваат активности за почист и позелен град и тоа:

  • Оплеменување на зеленилото низ градот,
  • Засадување на нови садници,
  • Подигање на нови зелени површини низ градот,
  • Средување на јавни зелени површини низ градот,
  • Кастрење на вегетацијата,
  • Одржување на селските патишта и фудбалски игралишта,
  • Чистење и одржавање на чистотата на повеќе локации како што се: просторот на поранешната дискотека Ла Луна, Градски парк, месноста Моклиште, околината покрај новиот Суд, главните влезови на градот, околината кај споменикот 12 те Другари и други локации.

Времетраењето на волонтерската работа е од 01.05.2018 година до 31.07.2018 година кое ќе се регулира со склучување на договор за волонтирање.

Заинтересираните лица потребно е да достават Пријава на следната адреса: Општина Кавадарци, ул. Плоштад Маршал Тито бб со назнака за Јавен повик за аплицирање на кадидати за волонтирање во Општина Кавадарци или дитекно во арџива на Општина Кавадарци соба бр. 20.

Рок за пријавување е до 15.05.20018 година.

По завршувањето на рокот за пријавување по Јавниот повик пријавените кандидати ќе бидат повикани да започнат со вршење на волонтерската работа.

 

 ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

Јавен повик за пријавување за учество на манифестацијата Тиквешки Гроздобер- Вински Карневал 2018 година

Јавен повик за пријавување за учество на манифестацијата Тиквешки Гроздобер- Вински Карневал 2018 година

Оваа година Тиквешкиот гроздобер ќе се одржи на 7, 8 и 9 ти септември. Општина Кавадарци веќе ги започна подготовките за оваа манифестација. Тиквешкиот гроздобер со својата традиција е од огромно значење за нашата општина. Оваа година се надеваме дека Тиквешкиот Гроздобер ќе го врати сјајот и ќе го претставиме Кавадарци во вистинско светло. Ние како граѓани на Општина Кавадарци можеме и треба да со свој придонес да учествуваме во оваа манифестација и по завршувањето да се гордееме со тоа што сме го постигнале.

 Општина Кавадарци објавува Јавен повик за пријавување за учество на манифестацијата Тиквешки Гроздобер- Вински карневал 2018 год. Организаторот ќе биде задолжен за гостопримството и комфорот на учесниците. Право на учество имаат сите лица кои сакаат да настапуваат во групни маски и да го збогатат Винскиот карневал со иновативни идеи во духот на виното и традицијата на Тиквешкиот Гроздобер.

 Поптолнетиот формулар испратете го на следната адреса: [email protected]

 

Лице за контакт

Сања Крстиќ 072 307 225

Формулар за пријавување учество 
Public call for volunteers for manifestation      Tikveshki Grozdober 2018 
Application form for participation in the event    Tikveshki grozdober 2018 

ОПШТИНАТА ГО РАСЧИСТУВА ТЕРЕНОТ КАЈ СУДСКАТА ПАЛАТА

Во рамките на акцијата за почисто Кавадарци, денеска општината со градежна механизација го расчистуваше просторот на спојот помеѓу обиколницата „Северен булевар“ со делот од Булеварот „Никола Минчев“.

Се рабортеше на површина од  10 хектари, каде оперативата на ЈП „Комуналец“ со булдожер расчистуваше простор покрај обиколницата, а машините на фирмите „Ја-Ми“ и „ВС-ГД“ од Кавадарци кои се вклучиа во акцијата како донатори го расчистуваа просторот покрај Булеварот „Никола Минчев“.

Акцијата, со која овој запуштен и руиниран терен се расчисти од обраснати делови, шут и отпад има за цел деградираниот простор најпрвин да го култивира, а потоа општината соодветно да го урбанизира.

Користа од ова акција покрај жителите на овој дел од градот ќе ја почуствуваат сите граѓани на Кавадарци