ОПШТИНАТА КАВАДАРЦИ ДОБИ НОВ ПРИЈАТЕЛ ВО ГРАДСКАТА ОПШТИНА ПАНТЕЛЕЈ ОД НИШ – СРБИЈА

ОПШТИНАТА КАВАДАРЦИ ДОБИ НОВ ПРИЈАТЕЛ ВО ГРАДСКАТА ОПШТИНА ПАНТЕЛЕЈ ОД НИШ – СРБИЈА

Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов и градоначалникот на градската општина Пантелеј од Ниш, Братимир Васиљевиќ потпишаа Меморандум за соработка на двете општини. Со чинот на потпишувањето на зедничкиот документ што се случи во рамките на возвратната посета на градоначалникот на Кавадарци на општината Пантелеј, се означи почетокот на нова меѓународна соработка на општината Кавадарци.

По чинот на потпуишувањето на документот за соработка кавадаречкиот градоначалник посочи: „Ова е почеток на мошне значајна соработка на општината Кавадарци со пријателска општина во Србија. Блискоста на двата пријателски народи пред се во менталитетот е основата на која е базира нашата нова соработка. Морам да нагласам дека при ваквите настани на официјализирање на нова соработка мој приоритет секокаш е воспоставувањето на економските врски. Соработката во културата и спортот  секогаш се лесно остварливи, но вистинската соработка е вовоспоставувањето на нови и обновувањето на старите економски врски во економијата. Затоа веќе на наредната средба која ќе се случи мошне бргу главниот збор ќе го имаат бизнисмените преку контакти на Регионалната стопанска комора од Кавадарци и нивните партнери од Ниш Република Србија“.