Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти во Општина Кавадарци

Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти во Општина Кавадарци

Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти во Општина Кавадарци

Врз основа на член 36 став 1 точка 6 од Законот за локална самоуправа (,,Сл.Весник на РМ,, бр.05/02), а во врска со член 23 став 3 од Законот за угостителска дејност (“Сл.весник на РМ“ бр.64/04.. ……..71/16 и “Сл.весник на РСМ“ бр31/20) член 132  став 1 од Статутот на Општина Кавадарци (“Сл.гласник на Општина Кавадарци”бр.8/05/21…75/21),

Советот  на Општина Кавадарци на 31-та седница одржaна  на ден  29.08.2023 година,  донесе

 

О  Д  Л  У  К  А

за продолжување на работното време на угостителските објекти во Општина Кавадарци за време на одржувањето на манифестацијата Традиционален фестивал ,,Гроздобер 2023“

 

Член 1           

            Работното време на угостителските објекти на подрачјето на Општина Кавадарци, утврдено во член 23 став 1 точка1,2,3,4,5 и 6 од Законот за угостителска дејност, во деновите 08,09 и 10.09.2023 година за време на одржувањето на манифестацијата “Традиционален Фестивал Гроздобер 2023 “ се продолжува за два часа.

Член 2 

Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето , а ќе се објави во “Службен  гласник на Општина Кавадарци“.

           

 

 

Бр.08-5302/18                           СОВЕТ  НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ 

29.08.2023 година                                              Претседател,

К А В А Д А Р Ц И                                        д-р  Стојанчо Рамов

 

СООПШТЕНИЕ За организирање на Повторна Јавна Презентација и Повторна Јавна Анкета

СООПШТЕНИЕ За организирање на Повторна Јавна Презентација и Повторна Јавна Анкета

СООПШТЕНИЕ За организирање на Повторна Јавна Презентација и Повторна Јавна Анкета

По Урбанистички план  за село Ресава, КО Ресава, Општина Кавадарци.

Граници на планскиот опфат се :

  • Најзападна е точката број 86, со координати Y=7581859,5283 и X=4583144,1991.
  • Најсеверна е точката број 37, со координати Y=7582274,22 и X=4583623,02.
  •  Најисточна е точката број 6, со координати Y=7582551,66 и X=4583210,75.
  • Најјужна е точката број 109, со координати Y=7582036,46 и X=4582759,44.

Површината на планскиот опфат изнесува 34,62 ха.

Повторна Јавна Презентација и Повторна Јавна Анкета ќе се спроведе со излагање на Урбанистички план  за село Ресава, КО Ресава, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.

                Повторната Јавна анкета трае 04.09.2023 година до 11.09.2023 година, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.

           Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

            Повторната Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден  11.09.2023  година во 13.00  часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.

Решение за планска програма

Решение за планска програма

Решение за Планска програма за изработка на Детален урбанистички план за УЕ 7, дел од Блок 7.1, „ЈП КОМУНАЛЕЦ“, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци.

Со ова Решение се одобрува Планска програма за изработка на Детален урбанистички план за УЕ 7, дел од Блок 7.1, „ЈП КОМУНАЛЕЦ“, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци со арх.бр. 07-161/1 од 13.06.2023 година, изработена од ДГТП ПЕРКАН ПРОЕКТ ДООЕЛ Прилеп.

Планската програма за изработка на Детален урбанистички план за УЕ 7, дел од Блок 7.1, „ЈП КОМУНАЛЕЦ“, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци со арх. бр. 07-161/1 од 13.06.2023 година, изработена од ДГТП ПЕРКАН ПРОЕКТ ДООЕЛ Прилеп е доставена преку информацискиот систем Е-урбанизам со број на постапка 53045 и барање арх.бр. 11-2094/4 од 13.06.2022 година.

Листа на наградени ученици и ментори

Листа на наградени ученици и ментори

 Одобрените финансиски средства од Буџетот на Општина Кавадарци за 2023 година за Наградување на Ученици и ментори од ООУ и СОУ со вкупен износ од 800.000,00денари, Поради голем број на ученици и ментори кои беа пријавени, Комисијата за наградување едногласно одлучи да достави предлог до Советот за зголемување на финансиските средства по што предлогот се усвои и беа зголемени на 979.991,00 денари заедно со пресметан персонален данок.

Од Основните и Средните училишта беа доставени формулари заедно со комплетна документација и дипломи во прилог , потполнети од наградени ученици и ментори на Државни и Меѓународни натпревари за учебната 2022/2023 година, по што Комисијата за наградување ги разгледа и ја објавува конечната листа:

 

ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УЕ 10, ДЕЛ ОД БЛОК 10.5 “41-ВА ДИВИЗИЈА”, КО КАВАДАРЦИ ГРАД, ОПШТИНА КАВАДАРЦИ за КП бр.14436

ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УЕ 10, ДЕЛ ОД БЛОК 10.5 “41-ВА ДИВИЗИЈА”, КО КАВАДАРЦИ ГРАД, ОПШТИНА КАВАДАРЦИ за КП бр.14436

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член  50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програма за изменување и дополнување на програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2018 година бр.08-5914/10 од 31.10.2018, Глава IV , точка 32 Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета

По ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УЕ 10, ДЕЛ ОД БЛОК 10.5 “41-ВА ДИВИЗИЈА”, КО КАВАДАРЦИ ГРАД, ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ПРЕДЛОГ ПЛАН – ПЛАНСКИ ПЕРИОД 2022 – 2027

 

           Граници на планскиот опфат се :

 – на север – осовина на улица “И. Мазев“

 – на исток – осовина на улица “41ва Дивизија“

 – на југ – осовина улица “Црноречка“ и улица “Ѓорче Петров“

 – на запад – осовина на улица “Ѓорче Петров“ и улица “Јован Планински“

         Површината на планскиот опфат изнесува 0,9281 ха.