Најдени резултати за : кружен тек

ПОСТАВУВАЊЕ ВЕРТИКАЛНА СООБРАЌАЈНА СИГНАЛИЗАЦИЈА НА НОВИОТ КРУЖЕН ТЕК

Екипата на специјализираната фирма „Виа сигнал“ од Скопје работи на поставување на вертикалната сообраќајна сигнализација на новиот кружен тек на улицата „Блажо Алексов“.

Согласно проектот се поставуваат 20 сообраќајни знаци и 14 столбови. Со нивното поставување новиот кружен тек ќе биде целосно означен со вертикална и хоризонтална сигнализација.

Во склоп на оваа кампања за ревитрализација и подобрување на сообраќајната сигнализација, општина Кавадарци освен на новиот кружен тек ќе постави знаци и на булеварите „Никола Минчев“ и „Македонија“, а ќе се подобри сообраќајната сигнализација и на неколку улици во градот.

Согласно јавната набавка за оваа намена општината издвојува 221.371 денари, со кои се набавени 84 сообраќајни знаци и 4 сверни огледала.

ОБЕЛЕЖАНА ХОРИЗОНТАЛНАТА СИГНАЛИЗАЦИЈА НА НОВИОТ КРУЖЕН ТЕК

Оперативата на ЈП „Комуналец“ изврши обележување на хоризонталната патна сигнализација на новиот кружен тек.

Со бели линии се бележани пешачките премини, а со жолти и црни линии рабниците кои го оформуваат кружниот тек. Со тоа заврши уште една фаза од изградбата на кружниот тек кај мостот „Белка“.

Наредната е хортикултурното уредување на зелените површини со кое во целост ќе биде изградено новото сообраќајно решение за поголема безбедност на учесниците во сообраќајот.

АСФАЛТИРАН НОВИОТ КРУЖЕН ТЕК

АСФАЛТИРАН НОВИОТ КРУЖЕН ТЕК

Оператривата на фирмата „Изолација“ од Скопје со поставувањето на вториот,т аканаречен фин слој асфалтна маса го заврши асфалтирањето на новиот кружен тек. Новото сообраќајно решение е трто од ваков вид на територијата на град Кавадарци, а се наоѓа на спојот на улицата „Блажо Алексов“  со булеварот „Видое Смилевски“, кај мостот „Белка“.

Со ова ново сообраќајно решение се создаваат услови за оптимална проточност како и безбедност на возилата и пешаците во овој дел од градот, на стариот влез во Кавадарци од правецот на Неготино.

Во наредната фаза ќе бидат поставени вертикалните сообраќајни знаци, а ќе се вцртаат и лините во бела, жолта и црна боја од хоризонталната сообраќајна сигнализација.

ОСВЕТЛЕН НОВИОТ КРУЖЕН ТЕК

Комуналниот проект Нов кружен тек, влегува во завршна фаз. Викендов се работеше на поставување на канделабрите и светилките на новиот кружен тек.

Поставени се 4 нови столбови и исто толку ЛЕД светилки. Висината на еден столб е 10 метри, а светилките од најновата генерација на енергетски ефикасни и еколошки светла се со јачина од 150 вати.

Општината за овој проект во делот на електиката инвестира вкупно 178.522 денари.

ЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА НОВИОТ КРУЖЕН ТЕК

Општина Кавадарци преку оператривата на фирмата „Изолација“ од Скопје започна со асфалтирањето на новиот кружен тек. Во наредните неколку денови на новоформираните кловозни ленти ќе бидат поставени два слоја нов асфалт.

Кружниот тек се наоѓа на спојот на улицата „Блажо Алексов“  со булеварот „Видое Смилевски“, кај мостот „Белка“. Кружниот тек е побезбедно сообраќајно решение за овие фрекфентни улици по кои се одвива значаен дел од патниот сообраќај во градот, поточно тоа е влезот од правец на Неготино.

Изведувач на земјените работи беше фирмата „Градба промет“ од Кавадарци.

Со ова ново сообраќајно решение се создаваат услови за оптимална проточност како и безбедност на возилата и пешаците во овој дел од градот.