Удар на гром запали куќи во Кавадарци

Удар на гром запали куќи во Кавадарци

Удар на гром запали куќи во Кавадарци

Две куќи и еден помошен објект на улицата „Питу Гули“ во Кавадарци денеска околу 13.15 часот настрадаа во пожар. Според неофицијалните информации најверојатно причина за пожарот е удар на гром во една од куќите, а веднаш потоа пламените јазици ја зафатиле и соседната куќа и помошниот објект. Густ чад над Кавадарци се издигаше скоро еден час.

Овој голем пожар  се случи во мошне густо населен дел од Кавадарци. За среќа нема настрадани во пожарот. Во локализирањето и гаснењето на пожарот учествуваа противпожарните единици од Кавадарци,Неготино и Фени индустри.

Околу 13 часот Кавадарци беше зафатено од големо невреме проследено со пороен дожд и силни грмотевици.  Веднаш по веста за големиот пожар во Кавадарци, градоначаникот Александар Панов ги прекинал службените активности во Скопје и ги посети настраданите опожарените куќи и настраданите семејства. Од службата за односи со јавноста при локалната самоуправа бевме информирани дека тој ќе предложи на првата наредна седница советот да одобри финансиски средства за помош на настраданите семејсва. Градоначалникот Панов жали за оваа голема трагедија која се случи денеска во Кавадарци.

Полициксата станица од општа надлежност Кавадарци бележи намалување на бројот на сообраќајните незгоди

Полициксата станица од општа надлежност Кавадарци бележи намалување на бројот на сообраќајните незгоди

Во втората половина од минатата година на подрачјето на општините Кавадарци и Росоман, за кои е надлежна Полициксата станица од општа надлежност Кавадарци се бележи намалување на бројот на сообраќајните незгоди, споредено со истиот период од претходната година. Ова се наведува во информацијата за состојбата со јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата што беше разгледана од советот на општината.

Полицијата евидентирала 93 сообрќајни незгоди или има намалување за 19% споредено со истиот период од 2013 година. Две лица го загубиле животот, во седум сообраќајни незгоди 8 лица се здобиле со тешки телесни повреди, во 32 сообраќајки 46 лица се здобиле со лесни телесни повреди, додека 48 сообраќајни незгоди биле само со материјална штета.

Од полицијата велат дека активностите на превентивен и репресивен план веќе во второто полугодие од годината ги дале очекуваните резултати, т.е бројот на сообраќајни незгоди е намален.

„Покрај досегашните усшени резултати во работењето континуирано се спроведува и планот за превземање на превентивно репресивни мерки за возачите кои се однесуваат насилно во сообраќајкот, а ефектите ќе се согледат во натамошниот период“ велат од полицијата.

Според статистиката на кавадаречката полиција, десет сообраќајни незгоди се случиле поради брзо возење, 15 поради возење под дејство на алкохол, 18 поради недржење на страна  и правец на движење. Осум сообраќајни незгоди биле поради непочитување на првенство на минување, а 29 поради останати причини.

Членови на радио клубот „Искра“ се подготвуваат за светското првенство

Членови на радио клубот „Искра“ се подготвуваат за светското првенство

Несомнено има екипа која не така лесно отстапува од врвот и пласманот за светско првенство. Брзото примање и предавање на знаци од Морзеовата азбука или натпреварувачка категорија  стручно наречена ХТС покажаа резултатите уште еднаш најдобро им оди на Миле Трајков, Дарко Трајков и Дејан Ѓорѓиев.

И годинава на државниот натпревар по радиотелеграфија што во организација на Радиоаматерскиот сојуз на Македонија се одржа во Прилеп најдобри беа кавадарчани.

Во Прилеп овој пат Миле Трајков го освои првото место во категоријата ветерани, неговиот син Дарко Трајков беше прв кај сениорите, а Дејан Ѓорѓиев изби на првото место меѓу јуниорите. Таткото и синот континуирано остваруваат пласман меѓу првите најдобри. Оваа тројка, екипа која е дел од кавадаречкиот радио клуб „Искра“ кој работи во рамки на Народна техника се подговтувава за Свестското првенство во радио телеграфија за брзо примање и испраќање на морзеови знаци коегодинава во септември ќе се одржи во Охрид. И таму ќе бидат предводени од менаџерот Младен Марковски.

Младински информативен центар

Младински информативен центар

Многу наскоро Кавадарци ќе го добие својот Младински информативен центар, трет од ваков тип во државата. Проектот во чија реализација најголем удел имаат Општина Кавадарци, коалицијата на младински организации „Сега“ како и здружението на граѓани „Зона“ Кавадарци, ќе придонесе за зголемување на младинското информирање во градот, и тоа на повеќе полиња, почнувајќи од образование, вработување, волонтерство, култура, домување, програми за мобилност на млади, европски програми.

Проекот за отворање на младинскиот информативен центар на последната седница на Советот на општина Кавадарци со 12 гласови „ЗА“ и четири „Воздржани“ ја доби и поддршката од советниците на општина Кавадарци, а деновиве започнаа и работата на реновирање и опремување на просторот.

Младинскиот информативен центар ќе биде лоциран во клубот на Советот за превентива против малолетничка деликвенција, кај првиот триаголник. Целиот објект ќе добие сосема нов лик и подобрени услови кои ќе ги уживаат корисниците на услугите на младинскиот информативен центар и Советот за превентива против малолетничка деликвенција.

„Обединети сме посилни“ изложба во Музеј галерија Кавадарци

„Обединети сме посилни“ изложба во Музеј галерија Кавадарци

Во организација на Државниот архив на Република Македонија и Музеј галеријата на град Кавадарци, во четврток, 2 јули 2015 година ќе биде отворена изложбата „Обединети сме посилни“.

Отворањето на изложбата „Обединети сме посилни“ е закажано за денеска во 12 часот, а ќе говори д-р Филип Петровски, директор на државниот архив на Република Македонија.

изложба покана