НОВИ СООБРАЌАЈНИ ЗНАЦИ НА 7 УЛИЦИ И СИТЕ КРУЖНИ ТЕКОВИ

НОВИ СООБРАЌАЈНИ ЗНАЦИ НА 7 УЛИЦИ И СИТЕ КРУЖНИ ТЕКОВИ

НОВИ СООБРАЌАЈНИ ЗНАЦИ НА 7 УЛИЦИ И СИТЕ КРУЖНИ ТЕКОВИ

Општината Кавадарци започна со поставување на нови сообраќајни знаци како дел од проектот за решавање на сообраќајот за еднонасочно движење на седум улици во градот.

Во оваа фаза од проектот ќе се постават 159 знаци и 200 столбови како дел од вертикалната патна сигнализација.

Паралелно со ова општината прку ангажираната оператива на специјализираната фирма „БОЈТА инг“ од Скопје поставува и 24 светлечки табли со панели за регулација на движењето на сите кружни текови во градот.

КАТАСТАР НА МРЕЖАТА ЗА ЈАВНО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

КАТАСТАР НА МРЕЖАТА ЗА ЈАВНО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

Општината Кавадарци во соработка со средното општинско училиште „Киро Спанџов-Брко“ започна со прибирање на податоци за креирање катастар на нисконапонската мрежа од јавното улично осветлување.

Во акцијата се вклучени стручните служби на општината заедно со наставниците и учениците од електро насоката во училиштето. Тие поделени во тимови во наредниот период поединечно ќе ги фотографираат и евидентираат на мапа бандерите, металните столбови, електричните водови и светлечките тела на целата улична мрежа. Прибраните материјали од терен ќе се внесат во единствената електронска база на податоци.

За реализација на овој значаен проект општината и училиштето потпишаа меморандум за соработка во кој се дефинирани целите, начинот и условите за спроведување на постапката.

Крајниот резултат ќе ја даде моментната состојба со мрежата на уличното осветлување. Ќе го прикаже расположивиот број на бандери, канделабри, водови и сијалични места. Општината ќе изврши нумерирање и означување со број на секоја бандера и столб, ќе ја знае должината на водовите каки и формата, јачината и типот на секоја светилка.

Во наредната фаза е предвидено и вградување на електронски мониторинг систем кој ќе ја следи работата и исправноста на  нисконапонската мрежа од јавното улично осветлување. Тоа ќе овозможи прецизно и навремено лоцирање на дефектите, како основа за нивно брзо и стручно отстранување.

ВОВЕДЕН ВО РАБОТА ИЗВЕДУВАЧОТ НА НОВИОТ ОБЈЕК ОД ДЕТСКАТА ГРАДИНКА

ВОВЕДЕН ВО РАБОТА ИЗВЕДУВАЧОТ НА НОВИОТ ОБЈЕК ОД ДЕТСКАТА ГРАДИНКА

На планираната локација на улицата „Ресавска“, претставници на нвеститорот Министерството за труд и социјална политика и Општина Кавадарци, во присуство на надзорот и директорката на детската градинка „Рада Поцева“, денеска извршија воведување во работа на изведувачот на новиот објект од градинката.

Откако ќе се изгради, овој капитален проект треба да биде долгорочно решение на проблемот со недостиг на слободни места за приофаќање на децата од предучилошна возраст во градинката.

 Со неговата изградба, како и со досегашните превземени активности на општината во доградба и проширување на постојните објекти, како и адаптирање на простор во селата за детски градинки, Општина Кавадарци, не само што ќе го надмине проблемот со недостиг на капацитети за прифаќање на деца во градинката, туки и ќе прмине во водечка општина во републиката со оптимално решение на значаен и горлив социјален проблем.

Соопштение во врска со Законот за домување

Соопштение во врска со Законот за домување

Почитувани,

Согласно чл.54 чл.55. чл.56.чл.57 чл.58 и чл 59 од Законот за домување ( Сл.весник на Р.Македонија бр. 99/2009, бр.57/10, бр,36/11, бр.54/11 ,бр.13/12, бр.55/13,бр.163/13 и бр.42/14), ако во станбена зграда има повеќе од двајца сопственици на посебни делови, и повеќе од осум посебни делови, и повеќе од осум сопствениците на посебните делови можат да донесат одлука за формирање на заедница на сопственици како правно лице за управување со станбена зграда.
Заедницата на сопственици носат Одлука кога за неа гласаат повеќе од половина од сопствениците на посебните делови.
ПОТРЕБНО Е ВО РОК ОД 15 ДЕНА ДА СЕ ИЗБЕРЕ ПРЕTСЕДАТЕЛ КОЈ ЌЕ УПРАВУВА СО СТАНБЕНАТА ЗГРАДА ВО ИМЕ И ЗА СМЕТКА НА ЗАЕДНИЦАТА НА СОПСТВЕНИЦИ ИЛИ ПАК AKO ОДЛУЧИТЕ УПРАВУВАЊЕТО ДА ГО ВРШИ УПРАВИТЕЛ, ПОТРЕБНО Е ДА СЕ ДОНЕСЕ СТАТУТ НА
ЗАЕДНИЦА НА СОПСТВЕНИЦИ И ДА СЕ ИЗВРШИ ЗАПИШУВАЊЕ ВО ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТЕР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЗАЕДНИЦАТА НА СОПСТВЕНИЦИ ИЛИ УПРАВИТЕЛ.
ПОТРЕБНО Е ДА ГИ ДОСТАВИТЕ ДОКУМЕНТИТЕ ОД ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТЕР ДЕКА Е ИЗВРШЕН УПИС КАЈ ОВЛАСТЕН ИНСПЕКТОР ЗА ДОМУВАЊЕ ВО СОБА БР.5 НА ТРЕТИ СПРАТ ВО ОПШТИНА КАВАДАРЦИ.

 

УШТЕ ДВЕ ЗГРАДИ НА „ИЛИНДЕНСКА“ СО ОБНОВЕНА ФАСАДА

УШТЕ ДВЕ ЗГРАДИ НА „ИЛИНДЕНСКА“ СО ОБНОВЕНА ФАСАДА

Денеска започнаа градежните работи за обнова на фасадите на две згради во центарот на Кавадарци. Согласно проектот се врши интервенција за санирање на сачокот, замена на олуците, како и крпење и фарбање на фасадите на зградата на „Тиквешко поле“ и на зградата позната како „полициска“ и ХЕЦ“, која е во продолжение на зградата на „ЗОИЛ“. И двете згради се наоѓаат на улицата „Илинденска“ во трговско пешачката зона.

Општината овој проект започна да го реализира минатото лето со зафат на дел од зградата на Домот на културата „Иван Мазов-Климе”. Досега целосно се обновени 10 фасади, а во моментот се работи на единаесеттата и дванаесеттата фасада. До крајот на проектот ќе остане да се обнови задната-јужна фасада на зградата на Општина Кавадарци.

За оваа намена општината инвестира 5.361.793 денари, а парите се обезбедени од буџетот. Изведувач на работите е кавадаречката фирма „Метал Апостолов“.

При извршувањето на активностите, се спроведени неопходните мерки на претпазливост за заштита, а општината апелира до граѓаните за врема на изведувањето на градежните работи да се однесуваат внимателно.