Стартува изградбата на ПЕШАЧКО- ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА до Моклиште

Стартува изградбата на ПЕШАЧКО- ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА до Моклиште

Стартува изградбата на ПЕШАЧКО- ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА до Моклиште

Пешачко – велосипедската патека до Моклиште ќе биде долга 4 км. со широчина од 4 метри. Инвеститор е Општина Кавадарци а средствата ги обезбедија: Платежната агенција од Фондот за рурален развој, Вардарски плански регион и Општина Кавадарци. Работите ги изведува компанијата ” Ас машини”.

ПОПЛОЧЕН КРАК ОД УЛИЦАТА „ФУШТАНИ“

ПОПЛОЧЕН КРАК ОД УЛИЦАТА „ФУШТАНИ“

Во рамките на програмата за комунална изградба на Општина Кавадарци, оперативата на фирмата „Градба промет“ на површина од 70 метри квадратни постави павер елементи  на крак од улицата „Фуштани“.

Претходно на таа површина се изврши порамнување и поставување на тампон со мали рабници.

Изградбата на тротоарот е на барање на жителите од тој дел на Кавадарци.

ПОСТАВУВАЊЕ НА ИНФОРМАТВНИ ТАБЛИ ЗА ЗОНСКОТО ПАРКИРАЊЕ

ПОСТАВУВАЊЕ НА ИНФОРМАТВНИ ТАБЛИ ЗА ЗОНСКОТО ПАРКИРАЊЕ

Надлежната служба на општината со ЈП „Паркинг“ Кавадарци деновиве во централното градско подрачје поставуваат  информативни табли за зонското паркирање.

Изведувач на работите е фирмата „Вијадукт“ од Гостивар која треба да постави160 сообраќајни знаци со информации за граѓаните и возачите поврзани со зонското паркирање.

Да потсетиме дека со одлука на Советот, општината воведува систем на платено зонско паркирање во централното градско јадро. Паркирањето ќе се врши во три зони „А, Б и Ц“.

Во првата зона „А“ еден час паркирање ќе изнесува 30 денари, во втора „Б“ ќе се наплаќа 20 денари, еден час паркинг во тертата „Ц“ зона ќе изнесува 10 денари.

Системот за платено зонско паркирање ќе профункционира во текот на овој месец. 

САНАЦИЈА НА ЛОКАЛНИОТ ПАТ КОН ЕЗЕРОТО ГРАДОТ

САНАЦИЈА НА ЛОКАЛНИОТ ПАТ КОН ЕЗЕРОТО ГРАДОТ

Општината Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Ми-Комерц“ деновиве работи на санација на земјениот локален пат Брана Моклиште-Езеро Градот.

Според проектот на општината, се работи на санирање на критичните места каде е оштетена и однесена старат подлога, на делови од патот каде се собира вода и се прават тешко проодни места. Исто така се чистат канафките и се проширува коловозот.

По санирањето на оштетувањата ќе следи поставување на тампон.

Со овој зафат општината ќе санира локален пат кој води од браната „Моклиште“ кон селото Моклиште до езерото „Градот“ познато како Моклишко Езеро.

На овој потег гравитираат земјоделци, во поново време значителен број сопственици на викенд куќи, како и голем број рекреативци пешаци и велосипедисти.

НОВ ТРОТОАР НА  УЛИЦАТА „ЌИРО АРСОВ“ ВО ВАТАША

НОВ ТРОТОАР НА УЛИЦАТА „ЌИРО АРСОВ“ ВО ВАТАША

Нов тротоар во Ваташа се изгради во склоп на програмата за комунална изградба на Општина Кавадарци. Оперативата на фирмата „Градба промет“ на површина од 300 метри квадратни постави павер елементи за тротоар на улицата „Ќиро Арсов“.

Според проектот Претходно на таа површина се изврши порамнување и поставување на тампон.

Изградбата на тротоарот е на барање на жителите од тој дел на Ваташа.