Категорија: Актуелни информации

Кавадарци погодено од силно невреме проследено со силен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења

Кавадарци погодено од силно невреме проследено со силен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења

Изминатиот викенд Кавадарци го погоди невреме проследено со силен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења.До повикувачкиот центар во Општината беа поднесени околу 50-тина пријави од граѓаните за поплавени подрумски простории, санирање на одводи и наноси од кал. Интензивно на терен беа екипи на ТППЕ Кавадарци, ЈП Комуналец и “Мој општинар” За половина час наврнале 40литри/м2. Невремето направи голема штета, па затоа акцијата на службите траеше деноноќно на повеќе локации низ градот додека не се интервенираше таму каде што е потребно. А овие два дена од утринските часови започна генералното чистење и средување на градот со гребење,чистење решетки и сливници, метење и перење каде активни беа три цистерни на ЈП Комуналец, една цистерна на ТППЕ Кавадарци, служби од Водовод,Зеленило и од Механизација мал скип и товарни возила. Градоначалникот Митко Јанчев деновиве ќе формира Комисија за процена на штети од елементарни непогоди.

Известување до жителите на улицата Блажо Алексов

Известување до жителите на улицата Блажо Алексов

Се известуваат жителите на улицата Блажо Алексов, утре 15.08.2022 да ги отстранат возилата од улицата најкасно до 6 30 часот наутро.

Улицата ќе биде затворена за сообраќај и ќе биде пристапено кон перење и чистење на истата и средување од настанатите наноси од невремето.

На сите кои нема да пристапат по известувањето, возилата ќе им бидат дислоцирани со пајак службата.

Известување за отпочнување на проектот Реконструкција на локалните улици

Известување за отпочнување на проектот Реконструкција на локалните улици

За потребите на Проектот за поврзување на локални патишта кој е финансиран со средства од Светска Банка, општина Кавадарци има аплицирано со под-прокет за Реконструкција на локалните улици „Вељко Влаховиќ“, „Слога“, „Димката Ангелов – Габерот“ и „Максим Горки“. Сакаме да ги известиме граѓаните на општина Кавадарци за отпочнување на планираните градежни активности.  

За таа цел ги приложуваме следните документи со цел граѓаните на територија на Општина Кавадарци да бидат во тек со реализација на проектот

ИЗВЕСТУВАЊЕ за второ авионско третирање против комарци за 2022 година

ИЗВЕСТУВАЊЕ за второ авионско третирање против комарци за 2022 година

Општина Кавадарци Ве информира дека на ден 29.07.2022 година (петок) со почеток од 05:00 до 07:00 часот ќе се спроведе второ авионско третирање против комарци за 2022 година на територијата на општина Кавадарци.

Се известуваат сите граѓани како и пчелари дека во периодот на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците-сандаците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.
Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за друг ден.
Со третирањето ќе биде опфатено течението на реката Луда Мара од с. Марена целото градско подрачје, с. Ваташа па се до брана Моклиште.

Со почит,

Градоначалник

д-р Митко Јанчев

Отварање на Ресурсен центар за енергетска ефикасност во рамките на проектот ComAct

Отварање на Ресурсен центар за енергетска ефикасност во рамките на проектот ComAct

На ден 23.06.2022 година, во просториите на општина Кавадарци, во рамките на проектот  ComAct ќе биде отворен Ресурсен центар за енергетска ефикасност. Истиот ќе биде наменет пред се за поддршка на енергетски сиромашните домаќинства кои живеат во станбени згради, со посебен фокус на најранливите групи граѓани, а ќе нуди широк спектар на услуги како што се совети, информации и директни консултации.

Ресурсниот центар ќе работи од 08:00 до 16:00 часот.