Категорија: Актуелни информации

Државата ќе ги обесштети земјоделците кои се соочија со штети од поројните дождови со кои беше зафатена

Државата ќе ги обесштети земјоделците кои се соочија со штети од поројните дождови со кои беше зафатена

Државата ќе ги обесштети земјоделците кои се соочија со штети од поројните дождови со кои беше зафатена  општина Кавадарци. Во јануари,  февруари и март  наврнаа над 300 литри на метар квадратен, а тоа беше причина под вода да се најдат многу земјоделски површини а водниот талог да направи големи штети.

На работната средба во министерството за земјоделствоприсуствуваше и градоначалникот Александар Панов. Тој информира дека оштетените граѓани што пријавиле штети ќе бидат обештетени, но претходно ќе се вршат дополнителни проценки на штетите. „Во наредните неколку месеци ќе започне постапката за фиксно утрврдување на штетите кои ги имаат на своите земјоделски  посеви земјоделските производители од невремето во јануари и февруари. Потоа ќе започне  првата фаза на обесштетувањее. Општините Новаци, Могила,  Битола и дел од струмичките општини први ќе добијат обесштетување,  бидејќи беа најмногу погодени од невремето. Луѓето треба да бидат подготвени и да соработуваат со комисиите кои ќе вршат проценки,  за да може што попрецизно да се утврди вистинската штета. Прво ќе се обесштетуваат штетите во земјоделството, а потоа ќе се врши обесштетување на мостови, патишта, свлечишта, потпорни ѕидови, односно комунална инфраструктура“ рече Панов.

Од локалната самоуправа апелираат до сите земјоделци да ја искористат можноста да ги осигураат своите посеви од ризик при невреме, бидејќи на тој начин доколку се соочат со штети од невреме ќе добијат обесштетување од осигурителните компании.

Првиот квартал – остварувањето на  буџетот на општина Кавадарци

Првиот квартал – остварувањето на буџетот на општина Кавадарци

Во првиот квартал од 2015 година остварувањето на вкупните приходи по сите основи во буџетот на општина Кавадарци изнесуваат 20% од планираното. Од 1 јануари до 31 март реализирани се приходи во износ од 133.376.046 денари од планираните 666.757.000 денари. Ова го покажува извештајот за извршувањето на буџетот на Кавадарци за првиот квартал од годината кој беше усвоен во рамки на редовната 30-та седница.

Остварувањето на редовните буџетски приходи изнесува 42.011.655 денари или 13,40% од планираното. Приходите од наменски дотации се реализирани со 25,53%, а од самофинасирачки активности 22,91%. Остварени се приходи од донации во висина од 4.381.887 денари или 46,06% од планираните 9.513.000 денари.

Реализацијата на вкупните расходи на Буџетот на општина Кавадарци за првиот квартал изнесува 121.439.173 денари. Во одно на планираното, или расходите се реализирани  18,21% од планираното.

Еднократен отпис на долг за јавно осветлување

Еднократен отпис на долг за јавно осветлување

Градоначалникот на општина Кавадарци Александар Панов, денеска ги додели решенијата за еднократно отпишување на долгот по основ на комунална такса за користење и одржување на јавното осветлување.

Врз основа на Одлуката од Комисијата за постапување по барањата за еднократно отпишување на долговите на граѓаните при министерството за труд и социјална политика, како и со одлука на Советото на општина Кавадарци решенијата им беа доделени на 40 граѓани од категоријата на корисници на социјална помош или постојана парична помош од ранливи категории граѓани. Согласно поднесените барања од граѓаните, а врз основа на податоците од Центарот за социјални работи на Кавадарци, а врз основа на Законот за еднократно отшишување на долговите на граѓаните беше доставено барање до ЕВН Македонија АД Скопје за дсоставување на податоци поврзани со долгот на корисниците. Врз основа на тие податоци во оваа прва фаза  беше извршен и отписот на долгот.

Во обраќањето до присутните градоначалникот Панов, подвлече дека се работи за исклучителен и уникатен потег на Владата на Република Македонија, со цел барем малку да се помогне на социјално ранливите категории на граѓаните. Панов истакна дека Владата и Општината се свесни дека овој начлин  не помош не е некое трајно решение. Сепак фактот што Владата и Општината насебе ја превземаат оваа обрска да го подмират заостанатиот долг на граѓаните, е потег кој залужува должна почит, бидејќи никоја Влада претходно нема спроведено ваков уникатен социјален потег.

Панов информираше дека во општината се пристигнати уште шетириесеттина нови одлуки за отпис на заостанат долг, за кои Советото на општината ќе расправа на наредната седница.

Александар Панов ги додели решенијата за редовен работен однос на поранешни времено ангажирани вработени во Домот на културата

Александар Панов ги додели решенијата за редовен работен однос на поранешни времено ангажирани вработени во Домот на културата

Градоначалникот на општина Кавадарци Александар Панов ги додели решенијата за редовен работен однос на поранешни времено ангажирани вработени во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“.

Панов додели три решенија за засновање работен однос на неопределено време за еден актер и двајца вработени како помошен песонал. Со овие три нови вработувања во културата од проектот на Владата за вработување домот на културата во Кавадарци ќе се екипира за поквалитетно извршување на работите.

Посебно е значајно вработувањето на актерот Диме Коцевски, кој со неговиот аматерски ангажман во изминатите неколку години успеа како актер и режисер да го раздвижи кавадаречкиот театар и практично да ја реализира програмската определба на градоначалникот и општината за певитализација на кавадаречкиот театар.

ВО КАВАДАРЦИ ДЕНЕСКА ВРАЧЕНИ РЕШЕНИЈА ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ДИВОГРАДБИ

ВО КАВАДАРЦИ ДЕНЕСКА ВРАЧЕНИ РЕШЕНИЈА ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ДИВОГРАДБИ

 

Процесот на легализација на дивоградбите во Општина Кавадарци започна пред неколку години. Денеска им беа врачени решенијата на 40-сетина граѓанина на кои им е завршена постапката за легализација.

Градоначалникот Александар Панов кој им ги подели долгоочекуваните документи на граѓаните и преставници на правни лица, изјави дека од вкупниот број околу 7.200 барања, донесени се 1.250 решенија, само 8 предмети се повлечени, пострапката е прекината за 2766 предмети што значи постапката за нивно решевање е при крај или е потребен дополнителен документ, додека 3225 барања се во постапка.

Панов напоменува дека околу 40 % решенија кои се во процедура, се потврда дека процесот на легализација добро се одвива, а значајно е што легализацијата кај бизнис секторот е веќе завршен или е при крај.

Што се однесува за легализацијата на објектите во викенд населбите околу Тиквешкото Езеро и на други делви од туристички карактер во Општинава, исто така се одвива без застој, односно во вкупната бројка се влезени и објекти од овие подрачја.