Категорија: Актуелни информации

Амбасадорката на СР Германија во посета на Кавадарци

Амбасадорката на СР Германија во посета на Кавадарци

Во своја прва официјална посета на Кавадарци престојуваше новиот ополномоштен амбасадор  на СРГерманија во Република Македонија,  нејзината екселенција д-р Кристине Д. Алхаузер.

Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов оствари работна средба со амбасадорката при што ја прими во својот кабинет. На средбата Панов најпрвин ја запозна својата гостинка со личната карта на општината претставувајќи ги сите нејзини природно-географски,стопански, културни и туристички аспекти. Потоа се разговараше за досегашната мошне плодна соработка на општината и германската амбасада во делот на културата. Особен акцент во разговорите беше ставен значајниот сегмент во македонско германската соработка на стопански план. Прито од страна на домаќинот Панов беа нотирани и неколку идеи за реализација на проект со кој ќе се симбилиозира заедништвот на Кавадарци и Македонија со СР Германија.

При пресојот во Кавадарци, амбасадорката Алхаузер беше во посети на најголемата германска инвестиција во Македонија, компанијата за производство на електричи компонненти за автомобилската индустрија „Дрекслмаер“, потоа во погоните на втората германска инвестиција во Кавадарци „Кошувчанка-Синалнко“, а нејзината екселенција ја посети најстарата и најголема винарска визба на Балканот „Тиквеш“.

Таа во придружба на домаќинот Панов  имаше и неформална вечера со преставници на бизнис секторот од Кавадарци.

 

41 литар дожд за 8 часа

41 литар дожд за 8 часа

Ноќеска во кавадаречко имаше интензивни врнежи од дожд. Според податоците добиени од метеоролошката станица лоцирана кај СОУ „Ќиро Спанџов Брко“ ноќеска за само 8 часа наврнале  41 литар на метар квадратен дожд. Интензивниот дожд услови утринава да се зголеми водостојот на реката Луда Мара.

Според прогнозата на синоптичарите утре не се очекуваат врнежи од дожд. Ќе имаме сончево време со умерена облачност и умерен до засилен северен ветер, особено изразен долж Повардарието. Поради  продор на студена воздушна маса во Македонија се очекува и пад на утринските и дневните температури. Максималнта дневна ќе достигне до 12 степени.

Втора сесија „Форум во заедницата“

Втора сесија „Форум во заедницата“

Денска во хотел Фени со почеток во 18:00часот се одржува втората форумска сесија на која на присутните ќе им биде претставен начинот на кој се собираат приходите во Буџетот на општина Кавадарци.

Граѓаните кои учествуваа во првата форумска сесија од „Буџетскиот форум“ беа доста активни во давањето свои предлози околу креирањето на буџетот за следната година. Учестуваа повеќе работни групи од разни свери.

Градоначалникот на Кавадарци, Алексаднар Панов, првата сесија ја оцени за мошне успешна и е задоволен од одзивот на граѓаните.

Очекуваме предлози од граѓаните на денешната сесија и за тоа како да се зголемат буџетските приходи, рече модераторот на Форумот во заедницата, Елизабета Ѓорѓиевска.

Регионален натпревар детски семафор

Регионален натпревар детски семафор

Кавадарци беше домаќин на регионалниот натпревар Детски семафор. Во сите категории натпреварувачите од Кавадарци со освоено прво место, а со свои екипи учествуваа основните и средни училишта од градот домаќин, Велес и Неготино. Натпреварот го следеше стручна комисија, а учениците на градскиот плоштад и пред публиката и случајните минувачи не се штедеа за да ги покажат своите познавања во управувањето со велосипед и мопед.

Според прикажаното и оценките на комисијата резултатите се следни. Во натпреварот од големата група машки првото место го освои Ристе Цветков од ООУ „Тоде Хаџи- Тефов“ Кавадарци, второто Филип Стојанов од „Гоце Делчев“ Неготино, а третото Димитар Велков од „Јордан Хаџи-Константинов Џинот“ од Велес.

Во големата група женски првото место повторно за Кавадарци со ученичката Наталија Ридова од ООУ „Тошо Велков-Пепето“, второто го освои Мартина Аврамова од „Јордан Хаџи-Константинов Џинот“ Велес и третото Анастасија Ефтимова од „ Гоце Делчев“ Неготино. Во категоријата детски семафор мала група машки првото место го освои Никола Крстевски од ООУ „Страшо Пинџур“, второто и третото место им припадна на Филип Димитров и Кристијан Лазаров од „Гоце Делчев“ Неготино

Во истата категорија конкуренција женски првото место го освои Вероника Здравковска од Велес, второто Мартина Колева од Димката Ангелов Габерот Кавадарци и третото Добрица Станковиќ од Гоце Делчев Неготино.Во натпреварот од сообраќајно техничката култура на младите според бодувањето и оценката на жирито првото место го освои Бојан Ѓорчев од Гимназијата „Добри Даскалов“ Кавадарци, второто Ѓоре Давчев од „Јовче Касличиев“ Велес и третото Мартин Сугарев од „Кочо Рацин“ Велес.

Најдобрите од регионалниот натпревар во Кавадарци во неделата забележаа учество на државниот во Скопје. Инаку пред практичниот дел од Детски семафор на градскиот плоштад учениците поминаа низ тестирањето кое се одржа во ООУ Димката Ангелов Габерот. Кавадарци по втор пат беше домаќин на регионалниот Детски семафор.