Категорија: Образование и наука

СЕМЕЈСТВОТО ПРЕСУДНО ЗА ДЕЦАТА И МЛАДИТЕ

СЕМЕЈСТВОТО ПРЕСУДНО ЗА ДЕЦАТА И МЛАДИТЕ

Едукативна работилница на тема „Семејството и правата на детето како клучен фактор во образованието“ беше организирана во салата на Општината  на која посетители беа наставници од основните училишта.

Организатори на работилницата беа Институтот за правно-економски истражувања и едукација „Јуридика прима“ и општина Кавадарци. Доцент Д-р Ангел Ристов вели: „Една од најзначајните реформи за воведување и имплементирање на правото на детето за да го каже своето мислење, а обврска на надлежните државни органи е истото да го сослушаат. Семејството се соочува со бројни предизвици како ниту една друга свера од општествениот живот како ниту една друга основна клетка и инститруции не со соочува со бројни проблеми. Особено станува збор за бројот на разведени бракови кој е константно во потраст. Исто така зголемен е бројот на вонбрачно родени деца. Намалувањето на наталитетот е еден од клучните проблеми со кои се соочува секоја европска држава. Тука би го споменале и феноменот на влијанието на семејното насилство кое што негативно влијае на децата. Одтука ова едукација има за цел да ги превенира негативните појави, кои оставаат траорни и драматични последици за развојот на децата, а во насока на доживотно учење на наставниот кадар„наставникот како втор родител“ за да се подготви една здрава иднина на младите кои ќе бидат изградени како самостојни личности. Ваквите едукативни трибини се од големо значење затоа што освен домашното востпитување големо влијание врз децата имаат и просветните работници“ вели Ристов.

Градоначалникот Александар Панов смета дека овие трибини ќе вродат со плод во развојот и оспособувањето на една личност уште од најмала возраст и созадавање на здрави идни поколенија. „Јас пред некое време бев запознат во ваквата тема која ке биде пренесена на професориоте кои директно работат со нашите деца.Не е доволно тоа што локалната самоуправа која заедно со Владата го правиме во делот на инфраструктурата и училиштата.Морам да признаам дека имаме воспитно-образовни установи на високо ниво кое ќе го подобруваме и понатаму и не случајно кредитот од Светска банка го наменивме за образованието. Но тоа не е само доволно. Максимумот е токму во ова, да го продолжиме воспитно-образовниот процес. Децата не се само нивни предмет на интересрање додека се на настава, туку и нивиот приватен живот .Во позадина е она зло што го има РМ, негативниот природен прираст. Тоа преку разни програми на Владата и Локалната Самоуправа се трудиме да го анулираме. Последните години се чувствуваат првите позитивни трендови. Но за да имаме здраво население и младина, не се доволни само овие два процеси.туку и во помагање на децата од ранливите категории.

Зорка В’чкова, инспектор за образование. им се заблагодари на експертите од „Јуридика прима“ кои овозможија да се започне со една тема која го тишти целото општество. „Им благодарам на наставниците за масовноста. Имаме проблеми на теренот, а наште наставници сакаат да се справат со проблемите и се надевам дека ова едукација ќе им доснесе знаења за справување со проблемите“, вели В‘чкова.

На крајот од работилницата, сите учесници добиа серетификати.

Третоодделенци во посета на општината Кавадарци

Третоодделенци во посета на општината Кавадарци

 Уеченици од трето одделение од основното општинско училиште „Гоце Делчев“ денеска беа во посета на Општината Кавадарци. Посетата е во рамките на наставата по предметото општество, методска единица „Запознај ја Локалната самоуправ“а.

Домаќин на деветдесеттина деса беше градоначалникот Александар Панов кој со гостите најпрвин се средтнаа во големата сала на Општината каде ги запозна со работата на општината, надлежностите и начинот на функционирање.

Потоа учениците поставуваа прашања поврзани со методската единица. Најмногу се интересираа за поставеноста на општината, начинот на работа на градоначалникот и советот на општината, а нивните прашања се однесуваа и на училиштето, нивната безбедност во сообраќајот, за тоа каково школо е потребно за да се стане градоначалник. Некои ученици прашуваа и за комуналните проблеми од нивните улици, а дел од учениците побаара во нивното училиште да се постават и клима уреди.

Во вториот дел од средбата децата го посети работниот кабинет на градоначалникот, каде исто така имаа многу прашања на кои побараа одговори од нивниот домаќин.

Еразмус плус

Еразмус плус

Училиштето „Гoце Делчев“ е дел од програмата „Еразмус плус“, со одобрен проект: „Мисија на куклите – учење низ игра“, кој е дел од акција К2-Училишни партнерства. Во периодот од 26.05.2015 до 30.05.2015 училиштето беше домаќин на земји партнери: Литванија, која истовремено е координатор и апликант на проектот, Холандија, Романија, Италија, Бугарија, Шпанија и Португалија. Во училиштето беа одржани презентации на тема „Образование надвор од училницата“, „Традиционални игри“, како и „Здрава традиционална храна“.

За време на Интернационалната вечер која се одржа во ресторан Ексклузив, секоја земја презентираше своја традиционална храна, која присутните можеа да ја дегустираат. Гостите се запознаа и со убавините и културното наследство на Македонија со посета на Охрид и Скопје. Италијанскиот тим, заедно со координаторот на проектот, Милка Мркева, и наставничката Николинка Илиева, остварија посета на италијанската амбасада во Скопје.

За време на заедничкиот ручек со заменик Амбасадорот Г-н Кандела, кој завршил основно образование во партнер училиштето во Сиракуза, беше разговарано за придобивките и значајноста на овој проект, преку мобилност на наставниот кадар, за приближување кон современ, европски образовен процес. Досега неколку наставници беа на обука во Сиракуза, Италија и Елче, Шпанија, а во текот на наредните две години ќе бидат реализирани уште голем број обуки во земјите партнери во проектот, во соработка со Националната агенција за образование на Р.Македонија.

Гимназија Класни првенства

Гимназија Класни првенства

Со финалните натпревари во мал фудбал и кошарка заврши циклусот натпревари во класното првенство на гимназијата „Добри Даскалов“ за учебната 2014/2015 година.

Победник на првенството во мал фудбал е екипата на II1, која со резултат 1:0 (1:0) ја победи  IV3 година. Претходно во малото фимнале за трето место екипата на  II7 славеше  по изведувањето на пенали 2:1 откако претходно одиграа нерешено 2:2 со тимот на IV4.

Конечниот пласман на класното првенство во мал фудбал е следниот:  прво место II1, второ тимот на IV3, на третото место се пласира екипата на II7 , а четврта е екипата на IV4клас. Наградите на најдобрите ги доделија секретарот на општина Кавадрци Кире Делов и директорката на гимназијата Невенка Поп-Ангелова. На првенството кое започна во првото полугодие учествуваат 28 екипи од сите паралелки. Есенскиот дел се играше по бод систем, а најдобрите од групите пролетва се бореа за титулата.

Победник во финалето во кошарка е екипата на  IVклас која во финалето беше поуспешна од тимот на III3 клас забележувајќи победа од 37:28 на полувремето беше 13:15 за учениците од трета година.

Класните првенства во овој формат се под покровителство на градоначалникот и Советото на општината од есента 2009 година. Наградите ги обезбедува општината со што ја искажува својата определба за поддршка на школската младина.

При доделувањето на наградите секретарот  Делов ја потврди определбата на Градоначалникот и Советото за покровителство на класното првенство. Според него ова е еден добар пример за развој на физичката култура кај младата популкација и нејзино насочување кон спортските активности. Притоа ги посочи ангажманите на општината и Владата за изградба на нови спортски објекти во кавадаречките училиште меѓу кои и две нови училишни спортски сали, како и обновување и реконструкција на постојните спортски терени за нивно ревитализирање меѓу кои се и терените во гимназијата. Тој посака од сегашните млади спортисти во гимназијата да се изнедрат  врвни кавадаречки  и македонски спортисти како нивните славни претховници во кошарката, фудбалот и ракометото.

Директорката Поп-Ангелова ја посочи исклучително добрата соработка на општината со училиштетео и несомнено искренатра и голема поддршка која градоначалникот и советото ја искажуваат во секоја прилика.

Доделени решенија за вработување на наставници

Доделени решенија за вработување на наставници

Градоначалникот Александар Панов во присуство на претседателот на Советот, Горица Пеливанова Вилхелм, советникот за образование во општината Зорица В‘чкова и директорите на основните и средните училишта на скромна свеченост во салата на Советот додели 20 решенија за вработување на неопределено време на просветни работници.
Станува збор за наставници кои изминатите две па и повеќе години бе времено ангажирани во изведувањето на наставниот процес. Со решенија за трансформација на работниот однос се здобиа по тројца просветни работници од ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“ и од ООУ „Страшо Пинџур“. На петмина учители од ООУ „Тошо Велков-Пепето“ Панов исто така им додели решенија за работа, а еден наставник од ООУ „Димката Ангелов-Габерот“ од Ваташа се здоби со статус на работа на неопределено време.
Градоначалникот Панов додели решенија и за петмина нововработени професори во Гимназијата „Добри Даскалов“, како и на тројца наставници од СОЗШУ „Ѓорче Петров“.
Во своето обраќање градоначалникот Панов на сите наставници им го честиташе трансформирањето на работниот статус, со желби за успешна работа. Притоа тој посака нивната благородна професија во образованието на децата да ја извршуваат одговорно и родителски со цел кај младите да остават траен белег на нивната работа и успешно да образуваат и воспитаат генерации на деца на кои ќе се темели иднината на Република Македонија.
Честитки за вработувањето новите наставници добија и од претседателот на Советот Горица Пеливанова Вилхелм.