Категорија: Додатни информации

АСФАЛТНА ПОДЛОГА НА АТЛЕТСКАТА ПАТЕКА НА СПОРТСКИОТ ЦЕНТАР

АСФАЛТНА ПОДЛОГА НА АТЛЕТСКАТА ПАТЕКА НА СПОРТСКИОТ ЦЕНТАР

Општина Кавадарци го заокружува проектот за обновување и урбанизирање на атлетската патека на спортскиот центар „Јасмин“.

Оперативата на ангажираниот носител на јавната набавка на однапред подготвената подлога поставува асфалт на вкупна површина од 3.150м2, со дебелина од 5 цм.

Покрај асфалтирањето на атлетската патека, проектот опфати  нејзино проширување на делницата од 100 метри, како и ревитализација на јавното осветлување.

Со овој проект општината создава услови за по оптимално користење на спортскиот центар, пред се од големиот број рекреативци, а воедно овозможува и услови на основните и средните училишта за користење на патеката за изведување часови по физичко воспитување, како и за организирање на атлетски натпревари од понизок ранг.

ОБНОВЕНО ЈАВНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА АТЛЕТСКАТА ПАТЕКА НА СЦ „ЈАСМИН“

ОБНОВЕНО ЈАВНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА АТЛЕТСКАТА ПАТЕКА НА СЦ „ЈАСМИН“

Деновиве непречено се одвиваат градежните работи за ревитализација на дел од Спортскиот центар „Јасмин“. Паралелно со градежните работи се врши реконструкција на постојното јавно осветлување за да се подобри видливоста во ноќните часови. На постојните 14 канделабри ќе се постават нови ЛЕД светилки „дво-крака конзола“ со што ќе се подобри осветлувањето.

Поради проширување на атлетската патека на западната страна од теренот се изврши поместување на 4 канделабри за 70 сантиметри кон оградата.

Инаку согласно проектот ќе се изврши ревитализација и подобрување на подземната електрична мрежа, а ќе се постават изводи и за приклучување на дополнителни рефлектори.