Категорија: Додатни информации

ПОСТАВУВАЊЕ НА ИВИЧНИЦИ НА АТЛЕТСКАТА ПАТЕКА

ПОСТАВУВАЊЕ НА ИВИЧНИЦИ НА АТЛЕТСКАТА ПАТЕКА

Градежната фирма „Градба промет“ од Кавадарци работи на обновување на атлетската патека на Спортскиот центар „Јасмин“. Патеката од внатрешната и надворешната страна ќе биде обградена со нови ивичници во вкупна должина од 845 метри. Во тек е поставувањето на ивичниците кои треба да ја оформат новата контура на атлетската патека. Воедно на западната страна ќе се изврши проширување на патеката и нејзино продолжување кон север за да се оформи патека за трка на 100 метри.

Според проектот постојната земјена подлога ќе биде заменета со асфалт на вкупна површина од 3.150м2.

Инаку Општина Кавадарци во наредниот период планира нови проекти со кои ќе се подобрат условите за рекреација и одмор на најомиленото и најпосетено место од граѓаните рекреативци.

Свечено отворена новата градинка “Буба Мара“ во Кавадарци

Свечено отворена новата градинка “Буба Мара“ во Кавадарци

Свечено отворање на новиот објект “Буба Мара“ со капацитет за 75 дечиња. Градоначалникот г-дин Митко Јанчев, Министерката г-ѓа Мила Цароска и директорката г-ѓа Цана Добринова свечено го пуштија во употреба новиот објект кој е само почеток на решавање на проблемот со кој се соочува Општина Кавадарци за сместување во детските градинки. Во тек се и други проекти за сместување на 250 деца, проекти кои по нивното реализирање значително ќе го намалат овој проблем.

РАБОТНО ВРЕМЕ НА АМБУЛАНТИТЕ ВО СЕЛАТА ДРЕНОВО, ВОЗАРЦИ И СОПОТ

РАБОТНО ВРЕМЕ НА АМБУЛАНТИТЕ ВО СЕЛАТА ДРЕНОВО, ВОЗАРЦИ И СОПОТ

Општина Кавадарци во договор со ЈЗУ Здравствен дом – Кавадарци и ПЗУ „Виталиа – Медикус“ Кавадарци, ги информираат жителите на селата: Дреново, Возарци и Сопот за работното време на амбулантите како би можеле да извршат здравствена заштита.

 

Се објавува следниот начин на работа на амбулантите во селата:

Дреново

– вторник од 08 до 10 часот

– среда од 08 до 10 часот

– петок од 08 до 10 часот

Возарци

– понеделник од 12:30 до 14:30 часот

– вторник од 12:30 до 14:30 часот

– петок од 12:30 до 14:30 часот

Сопот

– секој ден од 09 до 11 часот (освен четврток)

– четврток од 13 до 15 часот.

 

 

ОПШТИНАТА ДОНИРАШЕ НОВИ 5 ИНВАЛИДСКИ КОЛИЧКИ

Општина Кавадарци и годинава од буџетот издвои финансии за набавка на 5 нови автоматизирани колички за лица со попреченост. Градоначалникот Митко Јанчев и претседателот на Советот Ристо Сакалиев им ги предадоа  количките во сопственост на идните корисници.

Петмина кавадарчани кои се соочуваат со физички хендикеп ќе можат полесно да ги извршуваат своите секојдневни активности.

Вредноста на автоматизираните колички е 375.000 денари. Истите се обезбедени во претходна соработка и препорака на  Здружнието „Мобилност“ кое ги има сите податоци за лица со хендикеп.

Градоначалникот Митко Јанчев при предавањето на донацијата нагласи дека општината активно работи и за олеснување на секојдневниот живот на лицата со инвалидитет.

Претседателот на здружението „Мобилност“ од Кавадарци, Михајло Михаилов се заблагодари за донацијата како и за перманентните напори на општината за подобрување на условите за движење во градот на ова категорија наши сограѓани.

Од името на здружението „Мобилност“ Михаилов на градоначалникот Јанчев му предаде благодарница.

ПОДГОТОВКА НА ДВОРОТ НА НОВАТА ГРАДИНКА  ЗА ПАРТЕРНО УРЕДУВАЊЕ

ПОДГОТОВКА НА ДВОРОТ НА НОВАТА ГРАДИНКА ЗА ПАРТЕРНО УРЕДУВАЊЕ

Изградбата на новата детска градинка продолжува. Во работа беше воведена оперативата на фирмата „АС Машини“ од Кавадарци која треба да изврши партерно уредување на дворот од  новата градинката.

Согласно проектот треба да се изврши поставување на павер елементи на поголемиот дел од дворната површина, а на останатиот  простор од  дворот ќе биде извршено хортикултурно уредување.

Овој нов објект на детската градинка „Рада Поцева“ треба да згрижи околу 100 деца од предучилишна возраст. По нејзиното предавање во употреба општината очекува да се ублажи сегашниот недостиг од места во детската градинка.

Но крајната цел на општината е, во Кавадарци да се изгради нов објкет за згрижување на поголем број деца со што би се решил проблемот на недостиг на места во детската градинак.

Градоначалникот и Општината сериозно работат на проектот нов современ објект на детската градинка.