Категорија: Урбанизам и Комунални дејности

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА МОСТОТ „СЛОГА“

Фирмата „Метал Апостолов“ интензивно работи на проектот реконструкција на ограда и пешачки патеки на мостот „Слога“ кој ги спојува улиците „Димче Мирчев“ и „Слога“.

Станува збор за проект на Општина Кавадарци со кој целосно ќе се обнови старата ограда, како и пешачките патеки од двете страни на мостот. Овој зафат се реализира согласно програмата за комуналчна изградба 2017 година. За негова реализација ќе се потошат 700.000 денари од оперативниот буџет на општината.

Реконструкцијата на мостот по кој се одвива интензивен  автомобилски и пешачки сообраќај освен што ќе го подобри визуелниот впечаток за овој мост, пред се, многу ќе придонесе за побезбедно движење на пешаците.

ПОСТАВЕН ПЕШАЧКИОТ МОСТ НА УЛИЦА „ШИШКА’

Согласно програмата за комунална изградба Општина Кавадарци го реализираше проектот  „Пешачки мост на улицата „Шишка“.

Изведувач на работите е кавадаречката фирма „Метал Апостолов“ која согласно проектот изработи метална конструкција со скали и безбедносна ограда.

Мостот е лоциран над улицата „Шишка“ во правец исток-запад, веднаш над Основен суд Кавадарци. Намената му е исклучиво за пешаци, пред се за учениците од населбата „Голи оток“ кои учат во ООУ „Тошо Велков-Пепето“.

На источната стран ја спојува улицата „Вардарска“ со улицата „Нов Белград“ на запад, поточно  со скалите кај основниот суд.

Конструкцијата е висока 4 метри и 80 сантиметри, долг е  21 метар, а широчината му изнесува 1,50 метри.

Со овој проек општината реализира едно долгогодишно барање на  жителите. За неговата изградба се наменети 700.000 денари.

ИЗГРАДБА НА ТРОТОАР НА УЛИЦАТА „КИРО КРСТЕВ“

Започнаа работите на поставување на тротоар на улицата „Киро Крстев“. Работите ги изведува кавадаречката фирма „Урбан Инвест“.

За оваа намена општината инвестира вкупно 350.000 денари, пари од буџетот,согласно програмата за комунална изградба. Се работи на потегот одтротоарот наделот помеѓу улиците „Браќа Миладинови“ улица „Елпида Караманди“.На површина од 330м2 ќе бидат поставени бекатон коцки.

Со овој зафат општината ќе овозможи побезбедно движење на пешаците.

ТРОТОАР НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „МЕТОДИ ЏУНОВ-ЏИКО“

Согласно програмата за комунална изградба од 2017 година Општина Кавадарци преку Оперативата на фирмата „Урбан Инвест“ ги изведува работите на проектот тротоар на улицата „Методи Џунов-Џико“

 Согласно овој проект ќе се постават павер елементи-бекатон коцки на површина од 130м2  на тротоарот од улицата на потегот од салата „Партизан“ до спојот со улицата „Браќа Миладинови“. Во оваа фаза се работи на тротоарот до оградата на Здравствен дом-Кавадарци.

Општината од оперативниот буџет за оваа намена издвои 140.000 денaри.

Ова комунално решение ќе овозможи поголема безбедност на пешаците коисе движат на овој правец, каде има се поголема фрекфенција на моторни возила.

Поставување пречки за побезбеден сообраќај во Општина Кавадарци

Оптшина Кавадарци денеска започна со реализација на проектот Поставување на средства за смирување на сообраќајот. Станува збор за  поставување на конусни пластични пречки на коловозните лентиод неколку градски улици. Тие имаат за цел да го спречат брзото и непрописно возење.

Согласно проектот, во наредниот период ќе бидат поставени вкупно 105 парчиња и тоа на неколку фрекфентни улици во близина на две  основни училишта.

Првите вакви пречки беа поставени на две локации на улицата „Димката Ангелов-Габерот“ на влезот во ООУ „Тошо Велков-Пепето“.

Потоа  оперативата на  специјализираната фирма „Боита Инг“ од Скопје работеше на  Булеварот„Цветан Димов“ на влезотво ООУ „Гоце Делчев“и тоана двете коловозни ленти.

Овој комунален зафат на Општина Кавадарци ќе биде заокружен со поставување на 65 флуоресцентни пластични сигнализатори под стриучно име „катадиоптери“. Тие имаат за цел во ноќните часови да ги предупредуваат возачите дека се приближуваат кон пешачки премин.

Овие сигнализатори ќе се постават на улиците: „Охридска“, „Љубашка“ и „Партизанска“ со спојотна  „Илинденска“, како и на ул. „Пионерска“ кај ООУ„Тоде Хаџи-Тефов“.

Општината очекува овие зафати во многу да ја подобрат безбедноста на сообраќајот низ фрекфентните градски улици.