Категорија: Урбанизам и Комунални дејности

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА УЛИЦА ВО ВИКЕНД НАСЕЛБАТА „МОДРИ СТЕНИ“

Согласно програмата за комунална изградба општината Кавадарци работи и на комунално уредување по месните заедници.

Оперативата на фирмата „Павер трејд“ е ангажирана на поплочување на пристапна улица во викенд населбата „Модри стени“ на брегот од Тиквешкото Езеро во ресавскиот залив.

Се работи на поставување павер елементи на пристап од локалниот асфалтен пат Кавадарци-село Брушани кон викенд населбата. Овде ќе се постават бехатон коцките на површина од 500 квардати, во должина од 150 метри.

Со изградбата на оваа улица поголем број на соспственици на викенд куќи крај езерото ќе имаат урбанизиран пристап без кал и прашина. За овој проект општината од буџетот издвои 600.000 денари, пари од комуналната сметка.

СВЕТЛЕЧКИ ЗНАЦИ-ТАБЛИ ПОСТАВЕНИ НА ТРИ ЛОКАЦИИ ВО ГРАДОТ

Во правец на подобрување на вертикалната патна сигнализација, општина Кавадарци ги обнови старите светлечки патокази-табли на три раскрсници во строгиот центар на градот. Обновено е осветлувањето, како и пластичниот дел со натписите покажувачи на правецот.

Во функција се патоказите на раскрсницата меѓу улиците „7 Септември“ и „Цано Поп-Ристов“ кај мостот, потоа на спојот помеѓу улиците: „Цано Поп-Ристов“ и „Зелен пазар“, како и патоказот на аголот помеѓу улицата „Илинденска“ и улицата „Цано Поп-Ристов“ наспротив старат автобуска.

Бидејќи се работи за  регионални улици по кој минува патот од Неготино кон Прилеп, со овој потег општината создава услови за побезбедно одвивање на сообраќајот во ноќните часови посебно за транзитните патници.

Во општината во тек е тендерска постапка за обновување на постојната патна сигнализација како и нејзино подобрување со поставување на нови знаци.

ЗАВРШИ ИЗГРАДБАТА НА ул. „ЛАЗО АСИЈАТА“

Општина Кавадарци преку оперативата на кавадаречката фирма „Ас Машини“ го реализираше проектот за пробивање и изградба на улицата „Лазо Асијата“ веднаш до „Турските гробишта“. Вкупната должина на улицата изнесува околу 200 метри и површина од 600м2.

Проектот предвидуваше поплочување на површина од 400м2, односно на две третини од улицата со бехатон коцки, додека површината од 200м2 како дел од завршните работи се покри со бетон.

Согласно проектот, бетонот е послан на  стрмниот дел на улицата од спојот со улицата „Методи Џунов-Џико“, додека павер елементите (бехатон коцки) се поставиа на нејзиниот порамен дел.

Изградбата на оваа улица е на барање на жителите од овој дел на градот. Со пробивањето на овој крак општината им излезе во пресрет, па сега пристапот до нивните домови до главната улица е скратен.

РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА ЈАВНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК

Започнаа работите на обновување на електричната мрежа од јавното осветлување во градскиот парк. Откако неодамна градоначалникот г.Митко Јанчев го обзнани проектот за ревитализација на јавното осветлување во градскиот парк „Љупчо Шкартов“, изведувачот започна со нејзино обновување.

Во наредниот период ќе се работи на целосна обнова на подземната електрична мрежа и тоа на потегот од влезот во паркот пред „Бриони“ се до платото на спомен костурницата.

Со завршувањето на работите патеките во паркот ќе бидат целосно осветлени а паркот освен дење ќе биде  достапен за граѓаните и во ноќните часови.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД ИЛИЦАТА „МЕТОДИ ЏУНОВ-ЏИКО“

Активностите за ревитализација на повеќе улици во Кавадарци продилжуваат. Фирмата „Изолација“ од Скопје која е носител на тендерор од овој проект на општина Кавадарци работат на гребењео асфалт на делница од улицата „Методи Џунов-Џико“.

Согласно проектот, на оваа улица ќе биде реконструирана површина од 2340м2. Откако ќе биде отстранет оштетенит слој, ќе се изврши поставување на нова асфалтна маса во должина од 380 метри .

Реконструкцијата се врши на потегот од спојот со улицата „Браќа Миладинови“ кај Здравствен дом, до спојот со улицата „Елпида Караманди“.

Во сколоп на подготовка на улиците за асфалтирање нареден зафат е гребење на оштетениот асфалт од  улиците „Народен фронт“ и „Браќа Џунови“.