Категорија: Сообраќај

КОМПЛЕТНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СЕМАФОРИТЕ  НА ТРИ РАСКРСНИЦИ

КОМПЛЕТНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СЕМАФОРИТЕ НА ТРИ РАСКРСНИЦИ

 

Општина Кавадарци започна со реализација на сообраќаен проект за подобрување на вертикалната патна сигнализација. Предвидено е комплетно да се реконструраат семафорите на три значајни раскрсници од кои две во центарот кај Домот на Културата и кај старат автобуска, како и семафорската постројка кај училиштето „Гоце Делчев“.

Според проектот целосно ќе биде заменете подземната инфраструктура за електричното напојување, а комплетно нови ќе бидат столбовите како и светлечките уреди возачки и пешачки латерни со одбројувачи на време во ЛЕД технологија.

Ова е прв посериозен зафат за реконструкција на семафорите од нивното поставување во седумдесеттите години од минатиот век, кога Кавадарци за прв пат доби светлосна регулација со семафори на сообраќајот низ градските улици.

10 НОВИ СВЕЛЕЧКИ ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ  И ЕДУКАТИВНИ ЗНАЦИ

10 НОВИ СВЕЛЕЧКИ ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ И ЕДУКАТИВНИ ЗНАЦИ

Општина Кавадарци релизираше нов проект за подобрување на безбедноста во сообраќајот. На повеќе клучни сообраќајни точки се поставени 10 предупредувачки светлечки сообраќајни знаци. Знаците се донација од Ротари клуб Кавадарци, „Кожувчанка“ и „Вирлиос компани“.

Станува збор за најсовремена ЛЕД технологија заснована на софтверско решение изработено од информатичарите во фирмата донатор „Вирлос компани“, која комплетно ги изработи и куќиштата на знаците со електриката и електрониката во нив.

Знаците се програмирани да известуваат за брзината на возилата по градските улици почнувајќи од максималната дозволена од 40 километри на час. Новите знаци имаат предупредувачка и воедно образовна улога. За возачите кои ги почитуваат правилата ќе се појавува смајли иконичка со насмевка, а за оние што ја пречекоруваат дозволената брзина смајлито ќе биде намрштено и гневно во зависност од тоа колку е пречекорена дозволената брзина.

Од „Вирлиос компани“ велат дека оваа технологија која во Кавадарци се применува за прв пат, дава можност за нејзино користење во најразлични намени поврзани со предупредување и информирање на учесниците во сообраќајот и граѓаните.

ПОСТАВЕНИ СОЛАРНИ МАРКЕРИ НА ПЕШАЧКИ ПРЕМИНИ

ПОСТАВЕНИ СОЛАРНИ МАРКЕРИ НА ПЕШАЧКИ ПРЕМИНИ

Во насока на подобрување и унапредување на бебедносната состојба на пешаците и возачите во градот Општина Кавадарци го реализира проектот за поставување на соларни маркери на пешачките премини.

Станува збор за проект со кој на дел од нај фрекфентните градски улици ќе се постават соларни светлечки маркери. Станува збор за современа технологија која овозможува пешачките премини ноќе да бидат осветлени со лед трепкачи во црвена боја, кои од далеку ќе ги предупредуваат возачите дека се приближуваат кон пешачки премин. Маркерите се опремени со фото волтаици и батерии кои дење сончевата светлина ќе ја претвораат и акумулираат во електрична енергија, со која во ноќните часови ќе се напојуваат трепкачките лед диоди.

Општината за оваа намена издвои 195.644 денари, а со овие пари се набавени 155 соларни маркери на три улици и на кружниот тек кај автобуската станица. Изведувач на работите е специјализираната фирма „Виадукт Трејд“ од Гостивар.

На централната кавадаречка улица „Илинденска“ со соларни ќе бидат заменети старите рефлектирачки маркери, а соларни покрај на оваа ќе се вградат и на улиците „7 Септември“ и „Блажо Алексов“.

Ова е втор проект во кој општината за подобрување на безбедноста во сообраќајот користи современа ЛЕД технологија.

Во текот на летото на улицата „Илинденска“ беа поставени светлечки ЛЕД занци за пешаци.

 

ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА ЗА ПОБЕЗБЕДЕН СООБРАЌАЈ

ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА ЗА ПОБЕЗБЕДЕН СООБРАЌАЈ

Општина Кавадарци воведува иновативни решенија за поголема безбедност во сообраќајот.

Специјализирана фирма за  сообраќајни знаци и сигнализација „Виадукт трејд“ од Гостивар постави шест ЛЕД сообраќајни знаци кои известуваат за приближување кон пешачки премин.

Знаците се со стандардна големина каки и флуоресцентните, а се  разликуваат само по тоа што триаголникот во кој е вцртана зебрата и симболот на пешак се обележани со лед светилки.

Општината постави шест вакви знаци долж улицата „Илинденска“ и тоа на споевите со улиците „Партизанска“, со „Максим Горки“ и „Љубашка“, како и на спојот со улица „Охридска“.

За оваа намена општината инвестира 62.000 денари.

Инаку воведувањето на иновативните решенија во регулацијата на сообраќајот низ градските улици ќе биде пракса на општината и во иднина.

4 УЛИЦИ ВО ГРАДОТ СО ЕДНОНАСОЧЕН СООБРАЌАЈ

4 УЛИЦИ ВО ГРАДОТ СО ЕДНОНАСОЧЕН СООБРАЌАЈ

Општина Кавадрци воведува  измени во режимот на одвивање на сообраќајот на неколку улици во централното градско подрачје. Согласно измените, четири улици во градот стануваат еднонасочни.

По улицата „Максим Горки“ сообраќајот ќе се одвива во насока од спојот со ул.„Партизанска“ кон спојот со улицата „Илинденска“,

Согласно новиот режим сообраќајот на улицата „Браќа Хаџи Тефови“ ќе се одвива во насока од спојот со улицата „Браќа Џунови“ кон спојот со улицата „Миле В’чков“.

На улицата „Браќа Џунови“ на потегот од спојот со улицата „7ми Септември“ до спојот со ул. „Браќа Хаџи – Тефови“ сообраќајот ќе се одвива во насока од улицата „7ми Септември“ кон улицата „Браќа Хаџи Тефови“,

 Изменетиот режим на сообраќај на улицата „Ресавска“  се однесува на потегот од спојот со улиците „Тиквешко востание“ до спојот со улицата „Пионерска“. Овде сообраќајот ќе се одвива во насока од улицата „Пионерска“ кон улицата „Тиквешко востание“.

Овој изменет режим на сообраќај се воведува заради поголема пропустна моќ на градските сообраќајници, во функција на полема безбедност на возилата и пешаците.